Рамне (Порече)
село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рамне — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
За други истоимени места, погледајте Рамне.
Remove ads
Потекло на името
Селото најпрвин запишано како Равни се сретнува во турски документи од XVI век. Се верува дека самото име означува „село“.[2]
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира до текот на реката Треска, од нејзината лева страна.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри.[3]
Селото е сместено на широка површина засечена од Лева Река. Куќите се сместени во плитка долина, додека нивите се наоѓаат во долините на Мала Река и на Треска, а шумата се наоѓа северно од селото.[4]
Куќите се поделени на три маала: Горно, Долно и Влаовци (Оџовци).[4]
До селото води земјен пат, кој започнува од поранешното општинско седиште Самоков.
Remove ads
Историја
Селото Рамне по преданието порано не било населено, туку имало некое друго село во атарот на местото Зелениково и Дреново. Тоа село пропаднало и потоа настанало Рамне. Таму се наоѓало и некоја кула. Подоцна, тоа село, при зулуми било целосно уништено.[4]
Денешното село е основано со доселување на првите родови.[4]
Во XIX век, Рамне било село во Поречката нахија, на Кичевската каза, во Отоманското Царство. За време на отоманскиот период, селото било условено да дава данок во вид на млеко на дебарските Турци.[4]
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Стопанство

Атарот зафаќа простор од 19 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.132 хектари, на пасиштата отпаѓаат 103 хектари, а на обработливото земјиште 188 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]
Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 22 домаќинства со 60 жители христијани (Македонци).[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рамне имало 170 жители.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рамне имало 240 жители.[8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рамне се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[9]
Remove ads
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[10]
Рамне преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 380, а во 1994 година 60 жители.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Рамне живеел 31 жител, сите Македонци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
Рамне е македонско православно село.[4]
Remove ads
Според истражувањата на Петар Јовановиќ во 1930-тите години родови во селото се: Стојовци (17 к.), доселени се од Закамен пред повеќе од 200 години; Степановци (26 к.), исто така, доселени од Закамен, според народното предание некогаш живееле во раселеното село кое постоело на местото Зелениково и Дреново, но кога пропаднало тоа, отишле во Закамен, па се повратиле и Влаовци (2 к.), потекнуваат од предок Влав, кој дошол како домазет однекаде пред 200 и повеќе години.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Рамне се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Самоков, Старо Село и Сушица. Општината Самоков постоела и во периодот 1950-1952 година, во која влегувале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.
Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0256 според Државната изборна комисија, сместено во селската трпезарија.[16]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[18]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[19]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[20]
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква
Личности
- Вељан Неделкоски (1926 - 1944) — загинат во НОБ.[21]
- Михајло Дукадиноски (1910 - 1942) — загинат во НОБ.[21]
- Милован Огненоски (1923 - 1945) — загинат во НОБ.[21]
Редовни настани
- Слави
- Света Петка Трновска — главна селска слава
- Велосипедски настани
- Низ селото поминува големата рута на велосипедскиот настан Велоче низ Порече кое е прва попатна станица.[22]
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads