Рататуј

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рататуј
Remove ads

Рататуј е француска чорба од зеленчук, што потекнува од регионот Прованса, односно од градот Ница. Понекогаш се нарекува и рататуј од Ница.[1]

Кратки факти Вид, Дел од оброкот ...

Потекло

Зборот рататуј доаѓа од окситанскиот збор ratatolha,[2] а се поврзува и со францускиот глагол touiller, со значење „мешање“.[3][4] До крајот на 18 век, во Франција чорбата рататуј била многу едноставно подготвувана. Денешната чорба е врз основа на домати, а содржи: лук, кромид, тиквички, модар патлиџан, пиперки, мајоран, коморач и босилек, или лаворов лист и мајчина душичка, или пак смеса од зелени билки, позната како „билки од Прованса“. Ваквиот состав на оваа чорба за првпат е објавен во 1930 година.[5]

Денес постојат повеќе варијанти во подготовката на ова јадење.[6] Карактеристично за подготовката на рататуј е што секој зеленчук што се додава, мора да биде прво посебно спржен. Со ваквата постапка, зеленчукот го задржува својот вкус.[7]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads