Рафиз Аљити
Политичар од Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рафиз Аљити (албански: Rafiz Aliti; Радуша, скопско, 29 април 1959 ) — македонски политичар и поранешен припадник, односно командантна т.н. ОНА, попознат како командант М’суси. Член е на ДУИ.
Remove ads
Животопис
Алити е роден во скопското село Радуша на 29 април 1959 година. Во Скопје завршил во гимназија Зеф Луш Марку, додека високото образование на Факултетот за физичка култура во Приштина на Косово. По професија е професор. За време на конфликтот од 2001 зема активно учество во т.н. ОНА и добива командантска функција. Псевдонимот му бил командант М‘суси (Mёsusi) и бил одговорен за реонот на Радуша[1]. Себеси се смета за дел од интелетуалното крило на т.о. ОНА и со тоа зема активно учество во формирањето на Демократската унија за интеграција, каде е потпретседател на партијата[2]. Во три наврата е пратеник во македонското собрание (2002-2006[3], 2006-2008[4] и 2008-2009[5]). Од јули 2008 година избран за потпретседател на Собранието на Република Македонија[6]. Добро ги познава српскиот и хрватскиот јазик. Женет е и живее во селото Радуша.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads