Раштани (Велешко)

село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia

Раштани (Велешко)map
Remove ads

Раштани — село во северозападниот дел на Општина Велес, во околината на градот Велес, во долното сливно подрачје на реката Тополка, а на северозападната падина — на ридот Гроот.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 380 метри, а од градот Велес е оддалечено 6 километри. Во Раштани работи основно училиште до IV одделение, има неколку угостителски и стопанско-земјоделски објекти и споменик од НОБ, посветен на Февруарскиот поход.

Историја

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Раштани има 286 жители од кои сите се Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 257 жители, од кои 219 Македонци, 1 Влав, 1 Србин и 36 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови

Раштани е македонско село.

Според истражувањата од 1966/67 година, родови во селото се

  • Скубареви (3 к.), Чупчевци (3 к.), Брлевци (3 к.), Пецевци (3 к.), Лазови (2 к.), Ицкови (1 к.), Саздови (1 к.), Ордеви (5 к.), Наунови (4 к.) и Тоскаровци (1 к.). сите наведени родови се староседелски.
  • Караџовци (4 к.) доселени се од денес албанското село Бузалково.
  • Малиќовци (1 к.) доселени се во турско време од селото ’Рлевци.
  • Арсевци (1 к.) и Балчаковци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Дреново.
  • Бузалковци (4 к.) доселени се во периодот од 1946-48г од селото Бузалково.
  • Гускарови (1 к.) доселени се од селото Белештевица.
  • Угриновци (3 к.) и Црешневци (1 к.) доселени се од селото Црешнево после 1946 година.
  • Дреновчани (5 к.) доселени се од селото Дреново. Во Дреново биле староседелци.
  • Бистричани (1 к.) доселени се од селото Бистрица.[8]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2203 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 242 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads