Рајнер Вајс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рајнер Вајс (германски: Rainer Weiss); (Берлин, 29 септември 1932 - 25 август 2025 ) — американски физичар од германско потекло на полето на гравитациската физика и астрофизиката. Во 2017 година ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Кип Торн и Бери Бериш за „решителниот придонес за детекторот ЛИГО и опсервациите на гравитациските бранови“[1][2][3][4].
Remove ads
Животопис
Рајнер Вајс е роден на 29 септември 1932 година во Берлин, Вајмарска Република (денешна Германија) од мајка Гетруда Леснер и татко Фредерик А. Вајс[5][6]. Неговата мајка, христијанка, била глумица[7]. Неговиот татко, физичар, невролог и психоаналитичар бил протеран од Германија од нацистите бидејќи имал еврејско потекло и бил активен член на Комунистичката партија на Германија. Семејството прво побегнало во Прага, а по германската окупација на Чехословачка во 1938 година, во САД[8].
Образование
Вајс младоста ја поминал во Њујорк каде го завршил средното образование. Студирал на МТИ, при што изгубил првата година[9] и дипломирал во 1955 година . Таму и докторирал во 1962 година, а ментор му бил Џеролд Захаријас.
Remove ads
Награди и почести
Меѓу неговите награди се:
- Ајнштајнова награда (2007)
- Специјална награда за фундаментална физика (2016)
- Груберова награда за космологија (2016)
- Шоова награда (2016)
- Кавлиева награда (2016)
- Харвејева награда (2016)
- Награда на принцезата од Астурија (2017)
- Нобелова награда за физика (2017)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads