Рајнер Вајс

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рајнер Вајс
Remove ads

Рајнер Вајс (германски: Rainer Weiss); (Берлин, 29 септември 1932 - 25 август 2025 ) — американски физичар од германско потекло на полето на гравитациската физика и астрофизиката. Во 2017 година ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Кип Торн и Бери Бериш за „решителниот придонес за детекторот ЛИГО и опсервациите на гравитациските бранови“[1][2][3][4].

Кратки факти Рајнер Вајс Rainer Weiss, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Рајнер Вајс е роден на 29 септември 1932 година во Берлин, Вајмарска Република (денешна Германија) од мајка Гетруда Леснер и татко Фредерик А. Вајс[5][6]. Неговата мајка, христијанка, била глумица[7]. Неговиот татко, физичар, невролог и психоаналитичар бил протеран од Германија од нацистите бидејќи имал еврејско потекло и бил активен член на Комунистичката партија на Германија. Семејството прво побегнало во Прага, а по германската окупација на Чехословачка во 1938 година, во САД[8].

Образование

Вајс младоста ја поминал во Њујорк каде го завршил средното образование. Студирал на МТИ, при што изгубил првата година[9] и дипломирал во 1955 година . Таму и докторирал во 1962 година, а ментор му бил Џеролд Захаријас.

Remove ads

Награди и почести

Меѓу неговите награди се:

  • Ајнштајнова награда (2007)
  • Специјална награда за фундаментална физика (2016)
  • Груберова награда за космологија (2016)
  • Шоова награда (2016)
  • Кавлиева награда (2016)
  • Харвејева награда (2016)
  • Награда на принцезата од Астурија (2017)
  • Нобелова награда за физика (2017)

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads