Реис Шакири
македонски политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ресул Шакири (12 декември 1919 во Сопотско — 13 октомври 2006 во Скопје) — македонски работник, комунистички деец, борец, општественик и државник.[1]
Remove ads
Животопис
Како член на Сојузот на комунистите на Југославија од 1941 година, учествувал во создавањето на Преспанско-битолскиот НОПО, а потоа бугарските власти го интернирале во Свети Врач во 1942 година. Бил делегат на АСНОМ.
По завршувањето на Втората светска војна и Ослободувањето бил резервен мајор, секретар на Околискиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ) во Гостивар, член на Претседателството на НФМ и извршувал одговорни должности во ресорот за внатрешни работи, како началник на Обласното одделение во Битола и Градското одделение во Скопје.
Како член на Централниот комитет на СКМ, каде што бил избран на Првиот, Вториот и Третиот конгрес, бил министер за социјална политика и народна здравје во Владата на НРМ во периодот 1948-1950, потпретседател на Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија (НРМ) во периодот 1950-1052, член на Извршниот совет на Народното собрание на НРМ од 1952 година и во периодот 1957-1967, претседател на Околискиот одбор на ССРНМ во Тетово, потпретседател на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, потпретседател на Републичкиот совет на ССМ и други.
Исто така, бил пратеник во Народното собрание на ФНРЈ (во три свикувања) и во Народното собрание на НРМ и член на Претседателството на Главниот одбор на ССРНМ.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads