Литванија

држава во Источна Европа From Wikipedia, the free encyclopedia

Литванија
Remove ads

Литванија (литвански: Lietuva), официјално Република Литванија (Lietuvos Respublika), а многу ретко Литва[4] — земја во Североисточна Европа и е сместена меѓу Русија и Балтичкото Море на запад, Полска на југ, Белорусија на исток, Латвија на север. Државата е стара преку 1.000 години.[5]

Кратки факти Литванска Република Lietuvos Respublika, Службен јазик ...
Remove ads

Потекло на поимот

Историја

Во XVI век, Литванија е една од најбогатите и најмоќните земји во Европа. На 3 мај 1791, Полско-литванската Државна Заедница го ратифицирала првиот устав во Европа. Набргу потоа, Литванија престанува да постои 123 години, поради тоа што е разделена меѓу нејзините соседи Русија, Австрија и Прусија.

Литванија повторно се изборува за независност во 1918 година. Во 1988, на првите делумно слободни избори во Литванија по Втората светска војна, победува Движењето за Саjyдиc (Sąjūdis), а поразени се литовските комунистички владетели.

Во 2003 година бил потпишан договор за присоединување на Литванија кон ЕУ. Така од 1 мај 2004 година, Литванија станала членка на ЕУ и НАТО.

Remove ads

Географија и клима

Литванија граничи со Русија и Балтичкото Море на запад, Република Полска на југ, Белорусија на исток, Летонија на север. Најголемата река во државата е Неман. Неговиот воден тек не поминува надморска висина повеќе од 250 метри. Најголемиот врв е висок 294 метри. Во Литванија има околу 3000 езера. Климата е континентална и морска.

Политички систем

Административна поделба

Литванија е поделена на 10 окрузи (apskritys) кои ги носат имињата на нивните административни центри. Окрузите се поделени на вкупно 60 општини (savivaldybės): 9 градски, 43 реонски и 8 обични. Секоја општина потоа се дели на старешинства (seniūnijos). Во 2010 г., на окрузите им е одземена управата и оттогаш тие претставуваат само територијални и статистички единици.[6]

Окрузи

  • Алитушки
  • Вилнушки
  • Каунашки
  • Клајпедски
  • Маријамполски
  • Паневешки
  • Таурашки
  • Телшјајски
  • Утенски
  • Шјауљајски

Општини

Градови

Remove ads

Население, јазик и религија

По површина зафаќа 65.301 км2, а брои население од 3.349.900 жители, од кои 84% се Литванци, потоа има 6,1% Полјаци, 4,9% Руси и 1,1% Белоруси.

Религија

Христијанство

Повеќе информации Верници во Литванија ...

79% од Литванците припаѓаат на Римокатоличката црква.[7] Некои католички свештеници пружиле отпор на комунистичкиот режим кој продолжил да постои по независноста. Во близина на Шиулај се наоѓа Ридот на Крстовите, нарекуван и храм на антикомунистичкиот отпор. Латинските крстови биле забраниети од страна на Руската Православна кон крајот на XIX век. Советските власти продолжиле со забраната.

Вкупниот број на православни верници во земјата е околу 4.5%, претежно Руси.[7] Вкупниот број на протестанти е 0,8% од вкупниот број на население, претежно на Евангелската Лутеранска црква на Литванија [7].

Ислам

Во Литванија, исламот има долга историја за разлика од многу други северните европски земји. Во времето на Големото Кнежевство Литванија и Полско-литванската Државна Заедница на јужните делови од земјата се населиле кримските Татари [8] Денеска овие Татари се нарекуваат Литвански татари.

Други религии

Според пописот од 2001 година, вкупниот број на евреи бил 1.272.[9]

Remove ads

Култура

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads