Речани (Зајаско)
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Речани (офиц. Речани - Зајаско) — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Општина Зајас, Кичевско. Речани се наоѓа на Бачишка Река, на источните падини на Бистра Планина.
Историја
Според податоците за 1873 година, Речани имало 6 домаќинства во 28 жители христијани (Македонци).[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Речани живееле 45 жители, сите Македонци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Речани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 7 куќи.[4]
Афанасиј Селишчев во 1929 година го опишал селото како христијанско.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Албанци.[6]
Remove ads
Население
Според пописот од 2002 година, во селото Речани имало 101 жител, од кои 100 биле Албанци, и еден друг.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 46 Македонци, 1 Турчин и 1 лице без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 825 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна деловна просторија.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 95 гласачи.[13]
Личности
Личности родени во Речани:
- Анто Божиноски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Венче Илиоски (1919-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads