Робово (Дојранско)

поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Робово (Дојранско)map
Remove ads

Робово или Раброво (грчки: Ροδώνας, Родонас; книжевно: Ροδών, Родон; до 1926 г. Ρόμποβο, Робово[1]) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Робово Ροδώνας, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало 3 км источно од Станица Аканџали[2], западно од североисточниот брег на Дојранското Езеро.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Робово било мешано македонско-турско село во Дојранската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бубово (Boubovo) било село со 45 куќи, со 30 муслимани и 90 Македонци.[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Робово имало 225 жители, од кои 110 биле Македонци, 90 Турци и 25 Роми.[3][5]

Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Робово (Robovo) имало 64 Македонци под егзархијата.[6]

Во Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија.

Потпаѓање под Грција

Во Втората балканска војна македонското население побегнало од селото, во страв од настапот на грчката војска, а на нивно место грчките власти донеле доселеници од Тракија.[2] Како такво, во 1913 г. селото имало 249 жители, а во 1920 г. се заведени 233 лица. Турското население во меѓувреме се повратило во селото, но во 1924 г. е иселено, а на негово место се донесени доселенички семејства од Понт.[2] Во 1926 г. името на селото е сменето во Родонас, но официјално се заведува следната 1927 година.[1] Во 1928 г. Робово било наполно дојденско село, со 60 семејства од 261 жител.[7] Старата македонска црква „Св. Никола“ е запустена, а дојдените во 1935 г. изградиле нова црква „Св. Троица“.[8]

Remove ads

Население

Во пописот од 1940 г. селото имало 361 жител. Во 1951 г. се намалило на 296, а во 1961 г. — на 203 жители. Поголемиот опад на населението се должи на масовното иселување во поголемите градови. Во 1971 г. во Робово живееле 94 лица, а во 1981 г. имало 75, со мал пораст на 94 жители во 1991 г.[2] Робово отсуствува од следните пописи,[9] што значи дека е отпишано поради иселување или припојување кон друго место. Постои населба Ново Робово, но и оваа денес официјално не се води како посебна.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Жителите на Робово се занимавале со земјоделство, а делумно и со сточарство. Главни производи биле житото и тутунот.[2]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads