Ромен Гари
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ромен Гари (француски: Romain Gary, роден на 21 мај 1914 во Вилнус - починал на 2 декември 1980 во Париз) — француски писател од руско-еврејско потекло, кинорежисер и дипломат. Тој е единствениот двократен добитник на престижната книжевна награда „Гонкур“, и тоа во 1956 година под псевдонимот Ромен Гери и вторпат во 1975 година, како Емил Ажар.

Remove ads
Рани години
Роман Кацев е роден на 8 мај 1914 година во градот Вилнус, на територијата на Руското Царство.[1][4]. Мајка на идниот писател била глумицата глумица Нина Овчинскаја[1][5]. Таа емигрирала со него во Варшава, кога бил на три години. Неговиот татко, кој исто така бил евреин[6][7], го напуштил своето семејство во 1925 година и се оженил повторно. За свој вистински татко Ромен го смета Иван Мосжухин, ѕвезда на руското кино. Во 1928 година заедно со својата мајка заминале во градот Ница, Франција. Ромен започнал со студирање право во Екс ан Прованс и во Париз.
Remove ads
Кариера
Во 1938 служел во воздухопловството, и се приклучил кон Слободна Франција во 1940 година служејќи во Слободните воздушни сили на Франција. Војувал како пилот во Европа и Африка. Во текот на војната морал да емигрира во Велика Британија каде се приклучил во француската војска, во формацијата на Шарл де Гол. По војната се вратил во Франција и бил поканет да стане дипломат. Првото дипломатско назначување било во Бугарија[8], престојувал во Романија, Швајцарија, САД, Боливија. Од 1957 година до 1961 година бил главен конзул во Лос Анџелес[8].
Литературна кариера
Односите на Гари со неговата мајка се опишани во романот „La Promesse de l'aube“ („Ветување на зората“) (1960). Мајката отсекогаш сакала нејзинот син да стане амбасадор, кавалер на орденот на Легијата на честа, голем глумец во драма на Хенрик Ибзен, да се облекува по модата во Лондон. Нејзините соништа во голема мера се случиле бидејќи Ромен Гари станал генерален конзул на Франција, кавалер на Орденот на Легијата на честа, се движел во високото општество и се стекнал со литературна слава. Во 1945 година го објавил својот прв роман „Европско воспитување“. Ромен многу бргу станал еден од најпопуларните писатели во Франција. Во 1956 година за романот „Корените на небото“ ја добил наградата „Гонкур“.
Ромен Гари има вкус кон мистификацијата и книжевните псевдоними. Тој се потпишувал на романите со различни псевдоними, а главните псевдоними кои ги користел биле Ромен Гари и Емил Ажар. Тој започнал да издава и криминално-политички романи, како „Les Têtes de Stéphanie“ под псевдонимот Сатан Богат и сатирична алегорија „L'Homme à la colombe“ („Човекот со гулабот“) под името Фоско Синибалди .
Откако во 1974 година направил сензација со својот прв роман под псевдонимот Емил Ажар, француската литературна критика направила бројни претпоставки кој стои зад псевдонимот, и како првичните „сомничени“ биле Луј Арагон и Ремон Кено. Подоцна започнале да се лансираат претпоставки дека Ажар е всушност Ромен Гари, но Гари категорично ги отфрлал. Така со добиената награда во 1975 година „Гонкур“ за романот „Животот пред тебе“, станал единствениот писател, двократен добитник на наградата, која инаку по регулатива се доделува само еднаш во животот.
Remove ads
Семеен живот
Ромен Гари се оженил со писателката Лесли Блан и со американската глумица Џин Сијберг со кои последователно се разделил. Година по разводот со последната (во септември 1979 година) тој направил обид за самоубиство. Депресивен поради старост, Ромен си испукал куршум во устата на 2 декември 1980 година. Вистината за неговата литературна реинкарнација на површина избила околу половина година по неговата смрт, на 30 јуни 1981 година, кога неговиот син и издавач решиле да ја објават неговата претсмртна исповед „Животот и смртта на Емил Ажар“, напишана на 21 март 1979 година. Во неа, тој пишува: „Се може да се објасни со депресија. Но во мојот случај, треба да се има предвид дека таа продолжува откако сум возрасен човек, и токму тоа ми помогна да станам познат писател и добро се забавував. Благодарам и збогум! ...“
Некои од неговите книги биле екранизирани: Clair de femme („Сјај на жената“) (1979) и „La vie devant soi“ („Животот пред тебе“) (1977).
Библиографија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads