Росочка Река

река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Росочка Рекаmap
Remove ads

Росочка Рекарека која потекнува од селото Росоки, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Се влева во Тресонечка Река, која подоцна заедно со Гарска Река, ја создаваат Мала Река, збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово, која подоцна се влева во реката Радика (Голема Река).

Кратки факти Росочка Река, Местоположба ...
Remove ads

Течение

Реката извира од карстен извор на планината Бистра, во месноста Џигерица, источно од врвот Старци (1.710 м). Тече во југоисточна насока и по 6 км се влева во Тресонечка Река како нејзина десна притока.

Воден потенцијал

Реката отсекогаш изобилувала со воден потенцијал, којшто бил искористуван на различни начини, тргнувајќи од големиот број на воденици и валавици на самата река изградени во селото Росоки. Како резултат на големиот месечен проток на вода од Росочка Река — 1,603 м3с[1] — дел од реката се зафаќа за градскиот водовод на Дебар. Капацитетот на цевководот е со 200 л/ч, кој поминува на некои места над Росочка Река. Покрај Дебар, од овој цевковод како вода за пиење ја користат и селата Долно Косоврасти и Могорче.[2]

Покрај тоа, реката е планирано да биде дел од идниот хидросистем „Бошков мост“, кој се предвидува да биде изграден во овој крај, за што била изработена и соодветна студија од страна на Електрани на Македонија.[1]

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads