Руди Молар
друмски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Руди Молар (француски: Rudy Molard; р. 17 септември 1989 ) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Групама-ФДЖ.[1]
Remove ads
Кариера
Молар поминал пет години со Кофидис пред да се пресели во ФДЖ во 2017 година. Во текот на пет години со Кофидис, Молар освоил етапа на Тур ди Лимузен 2015. Исто така, настапил на Тур де Франс 2013,[2] каде завршил на 73 место и на 51. место во 2014 година.
ФДЖ (2017–денес)
2017
Молар завршил на 16. место на Париз-Ница и на 24. место на Трката околу Баскија во неговата прва сезона со ФДЖ. Имал одлична форма на пролетните класици, завршувајќи осми на Флеш Валон и на 17. место на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Бил вклучен во почетниот состав на ФДЖ на 100. издание на Џиро д’Италија и на Тур де Франс.[3]
2018
Молар ја отворил сезоната 2018 со трето место на Тур Ла Прованс и на Тур ди О Вар. Негова следна трка била Париз-Ница, на која успеал да ја освои шестата етапа. Нападнал во завршниот километар и успеал да се одвои од групата. Молар завршил на 15. место на крајот на трката. Возел на пролетните класици и ја продолжил својата форма; завршил 15. на Амстел Голд Рејс, 13. на Флеш Валон и 26. на Лиеж-Бастоњ-Лиеж.
Како подготовка за Тур де Франс, возел на Критериум ди Дофине и на националното друмско првенство, каде завршил на шестото место. Негов најдобар резултат на Тур било 14. место на етапата 16. Една недела по Тур де Франс, завршил на 11. место на Класика де Сан Себастијан. На крајот на август започнал на Вуелта а Еспња и успеал да ја преземе водечката маичка на петтата етапа, откако бил во бегство цел дел. Ја носел маичката четири дена пред да ја изгуби на деветтата етапа.
Remove ads
Достигнувања
- 2011
- 3. Национално хронометарско првенство под 23 години
- Европски првенства под 23 години
- 6. Друмска трка
- 9. Хронометар
- 10. Светско хронометарско првенство под 23 години
- 2012
- 1.
Планински пласман Тур де л’Ен
- 3. Краен пласман Тур ду Геводан
- 2013
- 9. ГП де ла Вил де Лил
- 10. Краен пласман Тур ду Геводан
- 2014
- 4. Краен пласман Трка околу Луксембург
- 9. Париз-Троа
- 2015
- 3. Краен пласман Тур ди Лимузен
- 1. Етапа 3
- 3. Тур ди Ду
- 5. Краен пласман Трка околу Луксембург
- 6. Класик Ла Дром
- 9. Гран при де ла Сом
- 9. Гран при де Валони
- 2017
- 8. Флеш Валон
- 2018
- 1. Етапа 6 Париз-Ница
- 3. Краен пласман Тур Ла Прованс
- 3. Краен пласман Тур ди О Вар
- 2019
- 5. Краен пласман Тур Ла Прованс
- 7. Краен пласман Париз-Ница
- 9. Краен пласман Тур ди О Вар
- 10. Џиро ди Ломбардија
- 2020
- 7. Краен пласман Париз-Ница
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads