Тур де Франс 2018
издание 2018 на велосипедската трка Тур де Франс From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тур де Франс 2018 (познато и како: Трка околу Франција 2018) — 105. издание на велосипедската голема трка Тур де Франс, која се одржала помеѓу 7 и 29 јули како дваесет и петти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
Трката ја имала најкусата должина од почетокот на милениумот и по петти пати ќе започнела од департманот Ванде. Вкупно 176 возачи од 22 различни екипи започнале на трката. За првпат била освоена од Герајнт Томас од Тим Скај. Том Димулен (Тим Санвеб) завршил втор, додека колегата на Томас и четирикратниот првак на Тур, Крис Фрум, завршил трет.
Воведната етапа била освоена од Фернандо Гавирија од Квик-Степ Флорс, кој станал прв возач на Тур кој ја облекол водечката жолта маичка. Петер Саган (Бора-Хансгрое) потоа го презел водството на трката на следната етапа. Ванти-Груп Гобер го освоил екипниот хронометар на третата етапа, со што нивниот возач Грег ван Авермат ја облекол жолтата маичка. Ја носел маичката следните осум дена, до втората планинска етапа, кога етапниот победник Томас го презел водството. До крајот на трката ја носел маичката, станувајќи првиот Велшанец кој ја освоил трката. Со тоа, Тим Скај, како и британските возачи, ги освоиле претходните шест изданија.
Саган го освоил бодовниот пласман по шести пат, Жилијан Алафилип (Квик-Степ Флорс) го освоил планинскиот пласман, додека Пјер Латур од АГ2Р-Ла Мондијал го освоил пласманот за млад возач. Мовистар Тим го освоиле екипниот пласман, додека возачот на ОАЕ Тим Емирати Даниел Мартин бил именуван за најборбен на целата трка.
Remove ads
Екипи
Бидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[3] На 6 јануари 2018 година, организаторот на трката ги објавил четирите континентални професионални екипи, кои добиле специјална покана за да учествуваат на трката. Четирите екипи биле Кофидис, Директ Енержи, Фортунео-Самсик и Ванти-Груп Гобер, сите претходно настапиле на трката претходно.[4] Ова значело дека новата француска екипа Витал Консепт, со нивниот предводник на екипата, спринтерот Бријан Кокар, ќе ја пропуштат трката. Кристијан Придом ѝ посакал на екипата успех во нивната воведна сезона.[5] Претставувањето на екипите било одржано во градот Ла Рош сир Јон на 5 јули, два дена пред воведната етапа.[6]
Новите правила од UCI го намалиле бројот на возачи по екипа од 9 на 8, па така вкупно 176 возачи ја започнале трката, наместо дотогашните 198 возачи.[7][8] Од нив, 35 го имале својот прв настап на Тур де Франс.[9] Вкупниот број на возачи кои ја завршиле трката бил 145.[10] Возачите доаѓале од 30 држави. Седум држави имале повеќе од 10 возачи на трката: Франција (35), Белгија (19), Холандија (13), Италија (13), Австралија (11), Германија (11) и Шпанија (11).[8] Просечната возраст на возачите на трката била 29,37 години,[11] движејќи се од 21-годишниот Еган Бернал (Тим Скај) до 40-годишниот Франко Пелицоти (Бахреин-Мерида).[12][13] Групама-ФДЖ го имала најмладиот состав, додека Бахреин-Мерида го имала најстариот состав.[14]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
|
![]() |
Remove ads
Фаворити пред трката

Бранителот на титулата Крис Фрум (Тим Скај) бил сметан за главен фаворит за победа.[15] Ги освоил четирите од петте последни изданија и е бранител на титулите на обете други големи трки, Вуелта а Еспања и Џиро д’Италија. Меѓутоа, учеството на Фрум било доведено во прашање, бидејќи во неговиот примерок од урина на Вуелта а Еспања 2017 било пронајдено двојно повеќе количество на лекот за астма салбутамол. Ова не било сметано за позитивен допинг-тест, поради што продолжил да вози додека неговиот случај не бил разрешен. Сепак се соочил со можноста да ја изгуби титулата на Вуелта и сите подоцнежни резултати.[16] Организаторите на Тур не биле среќни со ситуацијата, која била многу слична со таа на Алберто Контадор, кој започнал на Тур де Франс 2011 додека неговиот случај со позитивниот тест за кленбутерол уште не бил решен.[17] Управувачкото тело започнало истрага во врска со примерокот, но уште не била завршена кога Фрум победил на Џиро д’Италија 2018. Со исход истрагата да не заврши до почетокот на Тур, организаторите се обиделе да го спречат Фрум да започне на трката, наведувајќи го членот 28 од правилата на трката, велејќи дека организаторите „недвосмислено ги задржуваат правата да одбијат учество на - или да исклучат од - настанот, екипа или кој било од членовите чие присуство ќе нанесе штета на угледот на АСО или на настанот“.[18] Фрум бил прогласен за невин од UCI на 2 јули 2018 година, со изјава за печатот наведувајќи дека властите нашле доволно докази „дека резултатите од примерокот на г-дин Фрум не прават ААФ“.[19] Подоцна му било дозволено да настапи на Тур исто така.[20]
Најблиски соперници на Фрум се верувало дека ќе бидат Ричи Порт (Ванти-Груп Гобер), Наиро Кинтана, Микел Ланда (обајцата од Мовистар Тим), Том Димулен (Тим Санвеб) и Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида).[21] Други возачи сметани за фаворити за генералниот пласман биле Герајнт Томас, Ромен Барде, Примож Роглич, Адам Јејтс, Јакоб Фуглсанг, Алехандро Валверде, Ригоберто Уран, Еган Бернал, Даниел Мартин, Боб Јунгелс и Илнур Закарин.[15][22][23]
Спринтери сметани за фаворити за бодовниот пласман и победи на рамните или ридестите масовни спринтерски завршници биле Петер Саган, Фернандо Гавирија, Дилан Груневеген, Арно Демар, Марсел Кител, Мајкл Метјус, Марк Кевендиш, Андре Грајпел, Александер Кристоф, Сони Колбрели, Насер Бухани и Џон Дегенколб.[24]
Remove ads
Рута и етапи

Завршната рута за трката била објавена на 17 октомври 2017 година.[25] Тур ќе започне една недела подоцна од вообичаено и првично планираното поради преклопот со Светското првенство во фудбал.[26] Почетокот на Тур 2018 ќе биде во департманот Ванде, во регионот Лоарски Крај.[27] Департманите во Лоарскиот Крај биле домаќини на првото издание на Тур де Франс во 1903 година. Оттогаш, градовите на регионот биле домаќини девет пати на „големиот почеток“, пет од нив во департманот Ванде.
Тур ќе ги вклучи историски најважните искачувања на Алп д’Иез и на Кол де Турмале, последен пат вклучени во 2015 и во 2016 година, соодветно. Првпат во 60 до 70 години, ќе вклучи делови од неасфалтирани патишта на Плато де Глиер. Трката ќе вклучи и калдрма во должина од 21,7 километри (на деветтата етапа, последно вклучени во 2015 година). Во првата недела од трката биле вклучени и два круга на краткото, но стрмно брдо Мур де Бретањ.
Рутата е скоро целосно во Франција и единствено кратко навлегува во Шпанија во Пиринеите.
Remove ads
Преглед на трката

Масовниот спринт на првата етапа бил освоен од дебитантот на Тур, Фернандо Гавирија, додека Петер Саган завршил втор, а Марсел Кител трет. Гавирија ги освоил жолтата и зелената маичка како предводник на генералниот и бодовниот пласман, соодветно. Кевин Леданоа (Фортунео-Самсик) ја освоил првата точкеста маичка како предводник на планинскиот пласман.[28] Саган ја освоил втората етапа од спринт и ги презел жолтата и зелената маичка, додека Дион Смит од Ванти-Груп Гобер ја освоил точкестата.[29] Екипниот хронометар на третата етапа бил освоен од Ванти-Груп Гобер, чии возачи Тиџеј ван Гардерен и Грег ван Авермат се израмниле за водство, но Ван Авермат ја носел жолтата маичка вторпат во неговата кариера поради тоа ја преминал целта прв.[30] Четвртата етапа била освоена од Гавирија во масовен спринт.[31][32] Саган го зголемил водството во бодовниот пласман со победата на петтата етапа. Исто така, на петтата етапа, Томс Скујињш од Трек-Сегафредо освоил планински бодови и ја презел точкестата маичка. Скујињш станал прв возач од Латвија, кој некогаш водел во бодовниот пласман.[33]
Шестата етапа била спринт на која Саган и Џон Дегенколб се тркала, на која сите од главните спринтери завршиле близу петнаесет минути зад кандидатите за генерален пласман. Тим Скај, Ванти-Груп Гобер и Мовистар Тим ја контролирале главната група, каде Герајнт Томас од завршното бегство го освоил бонусот од три секунди во спринтот и се доближил на само три секунди зад Ван Авермат во генералниот пласман. На околу еден километар, Даниел Мартин нападнал и успеал да се одвои и ја освоил етапата со една секунда пред главната група. Ромен Барде и Том Димулен имале механички проблеми на крајот на етапата и изгубиле време.[34][35] Седмата етапа била најдолга. На почетокот на етапата, Ван Авермат останал во жолтата маичка додека Томас бил втор со три секунди доцнење. Етапата ја освоил Дилан Груневеген. Имало повеќе падови во првата седмица и по седмата етапа, шест возачи ја напуштиле трката од различни причини, вклучувајќи го ветувачкиот млад Белгиец Тиш Бенот (Лото-Судал), Луис Леон Санчес (Астана)[36] и освојувачот на зелената маичка во 2017 година, Мајкл Метјус.[37]

Груневеген потоа ја освоил втората спринтерска етапа по ред. Воедно, Грајпел и Гавирија биле казнети поради буткање со глава еден меѓу друг и ги изгубиле своите пласмани и бодови за зелената маичка.[38] Мартин изгубил повеќе од една минута откако бил вклучен во пад на етапата. Ван Авермат го зголемил своето водство во генералниот пласман откако освоил една секунда како бонус на спринтот.[39] Деветтата етапа содржела делови со калдрма и била лош ден за бројни спринтери и возачи за генералниот пласмна. Ричи Порт ја напуштил трката по пад втора година по ред.[40] Еган Бернал, Јакоб Фуглсанг, Крис Фрум и Микел Ланда паднале како и многу други возачи; многу возачи имале и дупнати гуми, меѓу кои и Барде кој трипати застанал за нова гума.[41] Во меѓувреме, Ив Ламперт (Квик-Степ Флорс), Дегенколб и Ван Авермат ја преживеале етапата и завршиле заедно, а Дегенколб ја освоил првата етапа на Тур, додека Ван Авермат добил време како и уште еден временски бонус со што го зголемил своето водство.[42] Следниот ден бил првиот ден за одмор на Тур.[43]
Првата етапа на високо и прва на Алпите, десеттата, била освоена од возачот на Квик-Степ Флорс, Жилијан Алафилип, од големо бегство кое го вклучувало и предводникот на трката, Ван Авермат. На крајот, Алафилип нападнал и ја освоил својата прва етапа на Тур, додека Ван Авермат ја задржал жолтата маичка и го зголемил своето водство до две и пол минути,[44] кога многумина мислеле дека ќе изгуби.[45] Алафилип исто така го презел водството во планинскиот пласман.[44] Томас ги освоил единаесеттата и дванаесеттата етапа, едната од групата на фаворити, а другата од бегство на крајот на етапата. Во стрмната завршница на единаесеттата етапа, Томас нападнал во последниот километар и го поминал последниот возач од бегството Микел Ниеве (Мичелтон-Скот) за победа.[46] Дванаесеттата етапа ја освоил од спринт на рамна завршница пред искачувањето Алп д’Иез. Димулен и Фрум биле главни фаворити за Париз.[47] Саган ја освоил тринаесеттата етапа откако дошол од „никаде“ додека Кристоф и Арно Демар (Групама-ФДЖ) имале двобој.[48] На четиринаесеттата етапа, Омар Фраиле од Астана избегал од бегството и остварил дваесет минути пред главната група. По Алпите, борбата за титулата била меѓу тројца возачи, Томас, Фрум и Димулен. Имало многу повлекувања по Алпите, меѓу кои Кител, Кевендиш, Уран, Гавирија, Груневеген и Грајпел од различни причини. Винченцо Нибали бил принуден да се повлече по скршен пршлен на грбот при пад со гледач. Чад и омразата кон Фрум биле причина за поголемо обезбедување во последната недела.[49]

Петнаесеттата етапа, почетокот на последната недела, била обележана со победа од бегство. Магнус Корт ја освоил втората победа за Астана во два дена, но немало поголеми промени во генералниот пласман.[50] Следниот ден бил вториот ден за одмор на трката.[43] Шеснаесеттата етапа имало инцидент кога полицијата користела солзавец против протест на локалните земјоделци кои поставиле сено на патот. Кога возачите минувале низ патот, во воздухот имало уште солзавец. Трката била неутрализирана околу 15 минути бидејќи неколку возачи имале проблеми со очите.[51] Потоа се создало големо бегство и Филип Жилбер (Квик-Степ Флорс), додека бил во водство на спустот, изгубил контрола на неговиот велосипед и се удрил во ѕид. Подоцна, Адам Јејтс кој го презел водството паднал на последниот спуст и ја предал победата на Алафилип, со што ја остварил втората победа на трката.[52]
На првата од трите етапи на Пиринеите, седумнаесеттата, Фрум бил слаб при врвот на Кол де Порте и паднал на третото место во генералниот пласман, 2 минути и 31 секунда зад Томас. Димулен се поместил на второто место, 1 минута и 59 секунди зад Томас. Наиро Кинтана ја освоил етапата откако нападнал на подножјето на завршното искачување, со што се придвижил на петтото место во генералниот пласман, зад Примож Роглич.[53] Рамната осумнаесетта етапа ја освоил Демар во спринтерска завршница; повеќето од спринтерите ја напуштиле трката дотогаш, а Саган имал повреда.[54] На планинската деветнаесетта етапа, Роглич нападнал на завршното искачување и победил сам, деветнаесет секунди пред другите фаворити. Томас успеал да ја зацврсти позицијата во жолтата маичка со новите шест секунди бонус во спринтот со што го зголемил водството пред Димулен.[55] Претпоследната етапа била хронометар во должина од 31 километар, кој го освоил Димулен, една секунда пред Друм. Томас завршил четиринаесет секунди зад Димулен.[56] Последната етапа била освоена од Кристоф во масовен спринт на Шанзелизе во Париз.[57]
Remove ads
Пласмани
Постоеле четири главни поединечни пласмани на Тур де Франс 2018, како и екипниот пласман. Најважен бил генералниот пласман, кој бил пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа.[58] На сите етапни завршници, исклучувајќи ги двете хронометарски етапи, првите тројца возачи добивале бонуси од 10, 6 и 4 секунди, соодветно. Временски бонуси од три, две и една секунда, ќе биле доделувани на „бонус точката“ на секоја од првите девет етапи на трката. Ова ќе имало влијание на генералниот пласман, но не и на бодовниот.[59] Ако се случи пад во последните три километри од етапа; ова не ги вклучувало хронометрите и завршниците на нагорнина, вклучените возачи добивале исто време како групата со која биле кога се случил падот.[60] Велосипедистот со најмало вкупно време е предводник на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот на овој пласман се смета за победник на Тур.[58][61]
Втор пласман бил бодовниот пласман. Возачите добивале бодови за завршување помеѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови во текот на етапите. Бодовите достапни на секоја етапна завршница биле одредувани од видот на етапата.[62] Предводникот на бодовниот пласман ја добивал зелената маичка.[61]
Трет пласман бил планинскиот пласман. Бодовите биле доделувани на возачите кои први се искачиле на врвот на најтешките искачувања. Искачувањата биле категоризирани како екстра категорија (hors catégorie - вон категорија), прва, втора, трета или четврта категорија, со повеќе бодови достапни на повисоко категоризираните искачувања.[62] Удвоени бодови биле доделувани на завршниците на последните искачувања на трите планински етапи во Пиринеите (16, 17 и 19).[63] Предводникот на пласманот ја носел точкестата маичка.[61]
Последен поединечен пласман бил пласманот за млад возач, кој се пресметувал на истиот начин како генералниот пласман, но ограничен само на возачи кои биле родени на или по 1 јануари 1993 година.[62] Предводникот на пласманот ја носел белата маичка.[61]
Завршен пласман е екипниот пласман. Пласманот се пресметувал користејќи ги завршните времиња на најдобрите тројца возачи од екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време. Бројот на етапни победи и пласманите по екипа го одредувале исходот во случај на изедначување.[62] Возачите во екипата која водела во овој пласман биле означувани со жолти броеви на грбот на нивните дресови и жолти кациги.[64]
Дополнително, постоела награда за борбеност, доделувана по секоја етапа, сметано од страна на жири, дека направил „најголем напор и покажал најдобри квалитети за спортски дух“.[59] Немало награди за борбеност на хронометрите и на завршната етапа.[65] Победникот носел црвен број на следната етапа.[66] На крајот на Тур, еден возач ја добивал сеопфатната награда за борбеност, повторно одредувана од жири.[59]
- На втората етапа, Марсел Кител, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Фернандо Гавирија ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман, а Петер Саган, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел виножито маичката како светски првак.
- На втората етапа, Дилан Груневеген, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Фернандо Гавирија ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.
- На третата етапа, Александер Кристоф, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Петер Саган ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман, а второпласираниот Фернандо Гавирија ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач.
- На седумнаесеттата етапа, Филип Жилбер не ја започнал етапата, поради што ниеден возач не го носел црвениот број како најборбен возач од претходната етапа.
Remove ads
Поредок
Генерален пласман
Бодовен пласман
Планински пласман
Пласман за млад возач
Екипен пласман
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads