Руждене
село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Руждене или Ѓуреџик (грчки: Γρανίτης, Гранитис; до 1927 г/ Γιουρεντζίκ, Ѓуреѕик[2]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 12 км јужно од Зрново[4] на планината Боздаг (Фалакро). Сместено е во висока котлина во Ружденската Клисура на реката Калина низ која минува главниот пат од Неврокоп за Драма и Кавала. Од сите страни селото е оградено со високи и стрмни планински сртови — на север Свети Илија, на југ Коријата, на запад Свети Петар, а на исток Бора и Пазлака.[5]
Историја
Во Отоманското Царство
Првобитната местоположба на селото била на исток од месноста Селиштето, но поради обесшумувањето на јужната падина на сртот Свети Илија и голем дел од Бора, каде се добивало многу дрвен јаглен, жителите се преселиле во осојното подножје на Коријата. Крај селото се наоѓа месноста Костобија со урнатини од стари градби, веројатно од старата римска тврдина која го чувала патот.[5]
Како што покажува името, селото било рударско, особено добивањето на железо. Уште од средниот век тука се добивале фероманган, среброносен галенит и други дури, за што сведочат напуштените галерии наречени „дупки“. Во раноосманлиско време селото било дервенџиско.[6]
Црквата „Св. Архангели“ е од 1873 г.[7]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Ѓуреџик, на С од Просечен во пазувите на Боздаг, во едно долиште, заградено со ограноци од Боздаг. Растојанието од Просечен до Ѓуреџик е 31⁄2 часа; пат нерамен и тесен. Земја за орање нема; селаните се јагленари и дрваи. Црква во која се служи на грчки и грчко учлилиште со 30 ученици. Бројот на куќите е 70, сите Македонци.[8][9] | “ |
Според Васил К’нчов, на крајот на XIX век Ѓуреџик имал 120 македонски куќи.[4][10] Според податоците на К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Гиреџик (Ѓуреџик) имал 500 жители Македонци христијани.[4][11]
Селото било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Дјуреџик (Duiouredjik) се состоело од 1.360 Македонци под егзархијата и во селото работело бугарско основно училиште со еден учител и 45 ученици.[12]
Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е запалено од грчката армија[13] и припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1913 г. немало повеќе од 120 куќи.[6]
Според грчка статистика во 1913 г. во Руждене (Γκιουρετζίκ, Ѓуреџик) живеел 481 човек.[14]
Во 1913 и 1918 г. 35 семејства се преселиле во Бугарија. Во 1920 г. населението веќе се смалило на 387 жители.[3] Останатите жители се иселиле во Бугарија во 1925 г. Тие се населиле во Пловдив и околината, Неврокоп и околината и Јамболско.[6] На нивно место се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. Руждене е попишано како мештанско-дојденско село со вкупно 573 жители,[3] од кои 159 лица (44 семејства) биле грчки дојденци, а останатите мештани.[15] Според Симовски дојденците броеле 209 лица.[3]
За време на Граѓанската војна (1946 - 1949) жителите на Руждене се преместени во внатрешноста на земјата, а по неа само мал број се вратиле.[3]
Населението произведува компир, тутун и други земјоделски производи. Поради големите пасишта во атарот, населението се занимава и со сточарство.[3]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Архангели“ од 1873 г.
Личности
- Георги Димов Ѓуруџуклијата — ајдутин и револуционер, војвода во Македонскиот комитет и учесник во Мелничкото востание
- Стефан (Стојмен; 1800 – 1883) — свештеник, преселен во Пештера, каде служел до неговата смрт[20]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads