Ружјани

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ружјаниmap
Remove ads

Ружјани (грчки: Ριζοχώρι, Ризохори; книжевно: Ριζοχώριον, Ризохорион; до 1926 година: Ρούζινο, Рузино[2]) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Ружјани Ριζοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа речиси во самиот центар на мегленската висорамнина, на надморска височина од 150 метри.[3] Атарот на селото опфаќа 5 квадратни километри.

Селото се наоѓа на 6 километри северозападно од селото Капињани.

Историја

Карладово до 1924 година било населено исклучително со македонско население, чиј поголем дел во немирните години, заради поголема семејна и имотна сигурност, ја сменил својата вера и се исламизирал.[3]

Во 1924 година, македонските муслимани во согласност со Лозанскиот договор, биле принудени да се иселат во Турција, а на нивно место грчките власти населиле поголем број бегалски семејства од Понд (вкупно 271 бегалец). Според пописот во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 74 бегалски семејства со вкупно 264 жители.[4]

Во 1926 година, името на селото било променето во Ризохори (Ριζοχώρι).

Remove ads

Стопанство

Бидејќи лежи сред плодното поле, а добар дел од обработливите површини се наводнуваат од реката Мегленица, селото е мошне богато. Населението произведува овошје, десертно грозје, тутун и други земјоделски производи. Делумно е развиено и краварството.[3]

Население

Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век, Ружјани било македонско-муслиманско село со машко население од 160 души и 40 домаќинства.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Рожени живееле 400 Македонци-муслимани.[3][6]

Во 1920 година, Ружјани било посочено како муслиманско-македонско село со 55 муслимански и 6 христијански куќи.[3][7]

Селото во пописот од 1913 година било забележано со 266, а во 1920 година со 233 жители. Во 1924 година била извршена размената на население, односно муслиманите биле принудно иселени во Турција, а на нивно место биле доселени грчки бегалски семејства од Понд, вкупно 271 бегалец. Со новонаселените жители и со помалобројните Македонци (27 лица), селото во 1928 година броело 298 жители, а во 1940 година 511 жители. Поради Граѓанската војна, дошло до извесно намалување на бројот на населението, така што селото во 1951 година било забележано со 448 жители. Во 1961 година имало 555, во 1971 година 543, во 1981 година 572, а во 1991 година 426 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 537 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 443 жители.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Карладово, во кој покрај селото Ружјани влегува и селото Карладово.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads