СУ „Љупчо Сантов“ - Кочани

средно училиште во Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia

СУ „Љупчо Сантов“ - Кочаниmap
Remove ads

Средно општинско училиште „Љупчо Сантов“гимназија во Кочани.[1] Го носи името на борецот од Народноослободителната борба, Љупчо Сантов.

Кратки факти СOУ „Љупчо Сантов“ - Кочани, Адреса ...
Remove ads

Историја

Училиштето било создадено во учебната 1945/46 година. Според главните книги кои постојат во училишната архива, бројот на паралелките во таа учебна година бил: во I клас 2 паралелки, во II клас 2 паралелки, во III клас 2 паралелки и во IV клас 1 паралелка. Првата генерација на завршени ученици со IV клас и положен завршен испит бил во учебната 1948/49 година.[2]

Од учебната 1956/57 година бил создаден смерот Економски техникум со паралелки во I клас, така што во таа година не се запишувани ученици во I клас во гимназијата. Останатите паралелки во погорните класови во гимназијата постепено го завршувале своето образование. До укинување на гимназискиот смер дошло поради укинување на гимназиите во помалите градови во НР Македонија, согласно наредбата на Министерството за просвета.[2]

Во учебната 1959/60 година завршила првата генерација на економисти. Учениците од Економскиот техникум наставата ја следеле во сегашната зграда на Основното училиште „Моша Пијаде“ (денес ОУ „Никола Карев”).[2]

Во учебната 1960/61 година, повторно била воспоставена гимназијата во Кочани со 2 паралелки ученици. Со повторното воспоставување на гимназискиот смер, бројот на ученици од година на година постепено растел, додека при уписот на учениците во I клас во Економскиот техникум опаѓал. Со повторното формирање на гимназијата, наставата се одвивала во сегашната зграда на школата, која тогаш носела назив Економски техникум „Љупчо Сантов“ - Кочани. Бројот на наставниците при повторното воспоставување на гимназијата бил минимален, и тоа хонорарни наставници ја изведувале наставата.[2]

Од септември 1964 година постоеле самоуправни органи на управување при школата.[2]

Со Одлука и Решение на Општина Кочани одлучено е на 29 октомври 1965 година, да биде споен Економскиот техникум кон гимназијата и од 1 јануари 1966 година, е извршено припојувањето на Економскиот техникум со гимназијата, така со извршената регистрација на школата при Окружниот суд во Штип, носел назив Гимназија со економски паралелки „Љупчо Сантов“ - Кочани. Во оваа учебна година школата имала во гимназиските 23 паралелки, а во економските 11 паралелки, или вкупно 34 паралелки со 1026 ученика.[2]

Бројот на наставниот кадар спрема потребната квалификација во оваа учебна година, задоволувал. Потребни биле уште 8 редовни наставници за да биде сведена наставата на минимум хонорарни часови. Недостигале наставници по предметите: математика, хемија, биологија и 2 наставника со завршен Економски техникум за економските паралелки.[2]

Досегашни директори

  • Игор Христов (в.д.) (април 2018-?)[3]
  • Љубомир Гацов (моментално)
Remove ads

Особености

Настава

Во рамките на училиштето функционираат гимназиско образование и средно стручно образование-економско правна и трговска струка.[4]

Во гимназиското образование се застапени 3 подрачја, секое со по две комбинации, А и Б:

  • Природно-математичко,
  • Општествено-хуманистичко и
  • Јазично-уметничко.

Трите подрачја се верифицирани со решение од Министерството за образование и наука.

Во стручното образование- економско правна и трговска струка се застапени 2 профили и тоа:

  • Економски техничар во I, II, III и IV година и
  • Техничар за трговија и маркетинг во IV година.

Двата профила се верифицирани со решение од Министерството за образование и наука.

Простории

  • Училиштето располага со 22 кабинети за настава (училници) секој со сместивост од 34 столчиња. Со вкупна сместивост 748 ученици во една смена. Училниците се пространи и добро осветлени при што секој ученик располага минимално со 1,2 м2 работен простор во рамките на училницата со што се овозможува потребната удобност во постапката на учење.
  • Музички кабинет/Сала за презентации опремен за соодветната намена.
  • Кабинет по информатика.
  • Мултимедијален центар.
  • Спортска сала опремена за кошарка, ракомет, одбојка, гимнастички спортови, пинг-понг и мал фудбал.
  • Спортски терен опремен за кошарка и мал фудбал.

Училишна библиотека

„Љупчо Сантов“ има сопствена училишна библиотека која располага со книжевен фонд од 1,500 наслови во 15,000 книги кои се достапни за учениците и наставниците. Во оваа бројка се вклучени и наслови на англиски, француски и германски јазик.

Во еден момент членувале 393 ученици и 30 професори.

Наставен кадар

Thumb
Структура на наставен кадар, 2017 година.
Thumb
Наставен кадар по активи, 2017 година.
Remove ads

Познати лица кои предавале во училиштето

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads