Гама Лебед
ѕвезда во соѕвездието Лебед From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гама Лебед (γ Лебед, γ Cygni, γ Cyg), офиц. Садр[10][11] — ѕвезда во северното соѕвездие Лебед, сместена во пресекот на петѕвездениот астеризам Северен Крст. Според податоците за паралаксата добиени во мисијата „Хипаркос“, оддалечена е околу 1.800 светлосни години (560 парсеци) од Сонцето.[1]
Ја сочинува главната составница „A“ од повеќеѕвезден систем со ознаката WDS J20222+4015 (споредната составница „BC“ е CCDM J20222+4015BC, блиска двојка ѕвезди на 40" од γ Лебед[12]).
Remove ads
Именување
Гама Лебед (γ Cygni, Gamma Cygni) е назив на ѕвездата според Бајеровото означување. Во Вашингтонскиот каталог на двоѕвезди се води како WDS J20222+4015A.
Го носи традиционалното име Садр (или Садир, од арапскиот поим صدر ṣadr „гради“). Во 2016 г. Меѓународниот астрономски сојуз приредил Работна група за ѕвездени имиња (WGSN)[13] со цел да се каталогизираат и стандардизираат личните имиња на ѕвездите. На собирот е решено да се даваат имиња само на поединечни ѕвезди, а не на цели повеќекратни системи.[14] Одобрено е името Садр за оваа ѕвезда (WDS J20222+4015A) и денес важи за официјално.[11]
Во својот ѕвезден каталог, средновековниот египетски астроном Мухамед ел-Ехсаси ел-Муакет оваа ѕвезда ја бележи како Сард ел-деџаџет, (صدر الدجاجة / ṣadr al-dajājati), подоцна преведено на латински како Pectus Gallinǣ, со значење Кокошкини Гради.[15]
На кинески во употреба е збирниот поим 天津 (Тјен ѓин), што значи „Небесен Брод“ и се однесува на астеризмот кој ги опфаќа Гама Лебед, Делта Лебед, 30 Лебед, Алфа Лебед, Ни Лебед, Тау Лебед, Ипсилон Лебед, Зета Лебед и Епсилон Лебед.[16] Оттука, кинеското име на самата Гама Лебед е 天津一 (Тјен ѓин ји = „Прва ѕвезда од Небесниот Брод“).[17]
Remove ads
Особини

Со привидна величина од 2,23,[2] Гама Лебед е меѓу посјајните ѕвезди на небото. Носи класификација F8 Iab, што значи дека достигнала развоен степен на суперџин. Од 1943 г. спектарот на оваа ѕвезда се користи како устојчиво поаѓалиште според кое се класификуваат другите ѕвезди.[18]
Во споредба со Сонцето, ова е огромна ѕвезда. Има 12 Сончеви маси и околу 150 поголем полупречник.[7] Оддава над 33.000 пати повеќе енергија од Сонцето, при делотворна температура од 6.100 K на надворешната обвивка.[7] Оваа температура ѝ дава жолтеникаво-бела боја, својствена за ѕвезди од типот F. Олку големите ѕвезди го трошат нивното гориво доста побрзо од Сонцето, и затоа се проценува дека Гама Лебед е стара само 12 милиони години[8]
Спектарот не ѕвездата има необични динамички особини како колебања во радијалната брзина до 2 км/с во временски рамки од 100 дена или повеќе. Така, на Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм, Гама Лебед е сместена близу до појасот на нестабилност и има спектар кој е изразено сличен на кефеида.[3] Ѕвездата е опкружена од расеана маглина наречена IC 1318 или подрачје Садр.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
