Сарајли
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сарајли (грчки: Παλατιανό, Палатијано, до 1926 Σαραϊλή, Сарајли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 17 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 416 метри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сарајли се состоело од 5 семејства со 16 жители муслимани[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сарајли имало 80 жители муслимани[4].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 59 жители, додека во 1920 година 49 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[5]. Во 1926 година, селото било преименувано во Палатијано.[6]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 65 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 234 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 229 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 247 жители, во 1971 година имало 185 жители, во 1981 година имало 138 жители, додека во 1991 година имало 111 жители[8]. Денеска, населението на селото е 140 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads