Сари Дуанли
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сари Дуанли (грчки: Πετράδες, Петрадес, до 1927 Σαρή Δογανλή, Сари Доганли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 17 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 467 метри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сари Дуанли се состоело од 25 семејства и 80 жители муслимани[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сари Дуанли имало 90 жители муслимани[4].
Во текот на Балканските војни, селото било опожарено од страна на грчките војски.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 59 жители, додека во 1920 година 49 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[5]. Во 1926 година, селото било преименувано во Килади.[6]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 94 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 188 жители. Селото во пописот од 1951 година поради Грчката граѓанска војна било напуштено, на пописот од 1961 година, во селото живееле 99 жители, во 1971 година имало 15 жители, во 1981 година имало 19 жители, додека во 1991 година имало 148 жител[8]. Денеска, населението на селото е 12 жители според пописот од 2001 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads