Тораница
рудник на олово и цинк во североисточна Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тораница — рудник за олово и цинк, на планината Осогово во североисточна Македонија. Се наоѓа на територијата на Општина Крива Паланка, во близина на македонско - бугарската граница, во северниот дел на рудното подрачје Саса – Тораница, низ кое минуваат Каменица и Козја Река.

Настанок
Наоѓалиштето настанало олигоценот и миоценот.[1] со минерализацијата на оловото и цинкот во Осоговско-малешевската вулканска област. Според условите на настанок, Тораница е хидротермално метасоматско наоѓалиште во скарновски облик.
Геолошка градба
По геолошката градба, наоѓалиштето е метаморфна сложенка од гнајсеви, кварцово–графит шкрилци и други составници, како и терцијарни вулкански карпи (кварцлатити)[2].
Руди
Содржината на главните метали во наоѓалиштето во просек е: 5% олово, 3% цинк, но и мало количество на сребро (20 грама на тон)[2]. Главни рудни минерали и носители на оловно-цинковото оруднување се галенитот и сфалеритот, а потоа пиритот, пиротинот, магнетитот, самородниот бизмут, бизмутинот, халкопиритот, енаргитот и други.
Поврзано
- Саса
- Тораница (река)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads