Вршник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вршник[1][2] или сач[3][4] — капак со сферен облик под кој на огниште, во црепна или тепсија, се пече леб, зелник, месо и слично. Вршникот најчесто е метален,[5] но може да биде и земјен или керамички. Јадењата подготвени под вршник се етнички специјалитети како во Македонија, така и пошироко на Балканскиот Полуостров.
За други значења на поимот, погл. Вршник (појаснување).

Печење под вршник
Во отворено огниште се поставува пирустија, се разгорува оган, и се поставува црепната со храна. Потоа над неа се поставува вршникот и врз него тура жар. Огнот и жарта се одржуваат постојани во текот на потребното време на печење. Откога печењето на храната ќе заврши, се турка пепелта и жарта од вршникот, се крева со маша, и се вади печеното од црепната.
- Црепна
- Вршник
- Пирустија
Remove ads
Традиционални јадења под вршник

Додека во минатото под вршник најмногу се печел леб, денес овој начин се користи за одредени традиционални јадења и специјалитети како што се зелник, мазник, ѓомлезе и месо.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads