Црква „Св. Илија“ - Вранештица

црква и археолошко наоѓалиште во Вранештица, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Илија“ - Вранештицаmap
Remove ads

Свети Илија — доцносредновековна селска црква во кичевското село Вранештица, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот доцносредновековна црква и некропола.[2]

Мештаните за црквата кажуваат дека е „римска“. Околу нејзе се наоѓаат гробишта за жителите на Левото Маало на селото Вранештица.[3]

Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа непосредно до селото, од јужната страна, на мала височинка со зарамнето плато.[2]

Околу неа има некропола со гробови од камени плочи.[2]

Историја

Била подигната во XVII век.[2] Според историчарите на уметноста црквата била изградена неколку години по црквата „Св. Ѓорѓи“, односно кон крајот на XVI век.[4]

Архитектура

По обликот и димензиите е слична на црквата „Св. Ѓорѓи“. Архитектурата и живописот се во мошне лоша состојба.[2]

Во црквата има работено познатиот зограф Аврам Дичов.[5]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads