Remove ads

Св. Климент Охридски — највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Државната награда под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за остварување од јавен интерес за Република Македонија.

На награден поединец му се доделува: диплома и паричен износ.

На секој член на наградена група творци или екипа им се доделува диплома и подеднаков дел од паричниот износ.

На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

Паричниот износ на државната награда „Св. Климент Охридски” изнесува десет просечни месечни плати во исплатени во последните три месеци во тековната година.

Државната награда „Св. Климент Охридски” се доделува, по правило, секоја година. Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди. Се доделува на 8 декември - денот на Св. Климент Охридски.

Првпат била доделена во 1969 година.[1][2]

Remove ads

Добитници

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads