Венко Андоновски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Венко Андоновски
Remove ads

Венко Андоновски (Куманово, 30 мај 1964) — македонски писател (романописец, раскажувач, драмски автор, поет, есеист, критичар и книжевен теоретичар. Дописен член на МАНУ.

Кратки факти Роден, Занимање ...
Remove ads

Биографија

Венко Андоновски дипломирал на Филолошкиот факултетБлаже Конески“, во Скопје. Тој е доктор по филолошки науки и работи како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Андоновски е член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1990 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија.[1][2][3]

За дописен член на МАНУ бил избран на 30 март 2022 година.[4]

Творештво

Творештвото на Андоновски е богато и се состои од поезија, раскази, романи, драми, есеи и книжевна критика. Тој е еден од најчитаните македонски писатели во 21 век: неговиот роман „Папокот на светот“ е продаден во повеќе од 12 000 примероци, а романот „Вештица“ го надминал тиражот од 7 000 примероци. Исто така, тој е еден од најпопуларните драмски писатели во Македонија. Неговите дела се преведени на десетина јазици: англиски, француски, руски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски итн.[5]

Библиографија

Негови најважни дела се:[6][7]

Поезија:

  • Нежното срце на варварот, (1986).

Раскази:

  • Квартот на лиричарите (1989),
  • Фрески и гротески (1993).
  • Припитомување на кучката (2018)[8]

Романи:

Драми:

  • Адска машина (1993),
  • Бунт во домот за старци (1994),
  • Словенскиот ковчег (1998),
  • Црни куклички (2000),
  • Папокот на светот,
  • Кандид во земјата на чудата (2001),
  • Кинегонда во Карлаленд (2006),
  • Граница (2008),
  • Светица на темнината (2010),
  • Олово на перница (2010),
  • За секого има по една,
  • Генетика на кучињата,
  • Ана Каренина — македонска приказна,
  • Исус на Масада,
  • Господарот на кукавицата,
  • Јов

Критика и културологија:

  • Матошевите ѕвона (1996),
  • Текстовни процеси (1997),
  • Структура на македонскиот реалистичен роман (1997),
  • Дешифрирања (2000),
  • Воскресението на читателот,
  • Обдукција на теоријата — Жива семиотика (том 1)
  • Обдукција на теоријата — Наратологија (том 2)
  • Зеницата на Македонија (Историја на македонската светлина), заедно со Глигор Стојковски
  • Достоевски и Мекдоналдс (2019)[9]

Филмски сценарија:

Remove ads

Награди и признанија

За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на наградите:[2][3][6]

Наводи

Белешки

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads