Селско

село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Селско
Remove ads

Селско или Пчелско (грчки: Κυψέλη, Кипсели; до 1926 г. Ψέλτσκο, Пселцко[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 58 жители (2021).

Кратки факти Селско Κυψέλη, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Нестрамкол, на 40 км југозападно од градот Костур, на источните падини на планината Горуша, на надморска височина од 1.080 м. Поради надморската височина, зимите се остри и извесвно време врските со надворешниот свет се прекинуваат.[3]

Бидејќи селото се наоѓа меѓу две притоки на реката Коничка Река, географски му припаѓа Епир, а не на Егејска Македонија.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Според името, во XVIII век селото најверојатно е населено со Македонци, но е напуштено во конфликтните години по времето на управувањето на Али-паша Јанински и е населено со Грци Качауни од Епир.[3]

Во XIX век Селско било грчко село во Костурската каза на Горичкиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Селско имало 680 жители Грци.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пселско се води како чисто грчко село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 30 куќи.[5]

За време на Илинденското востание во селото влегла големата чета на војводата Васил Чакаларов, која била братски дочекана од грчкото население.[6][7]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Селско имало 750 Грци и во селото работело грчко училиште.[8] Според грчки извори, во 1905 г. во Селско имало 216 жители Грци.[9]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 403 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 317.[3]

Во 1926 година, името на селото било променето во Кипсели (Κυψέλη).

Во текот на Граѓанската војна, селото силно настрадало и било напуштено од неговите жители, кои се иселиле во Мањак. По војната, селото било обновено.[3]

Remove ads

Стопанство

Главно занимавање на населението е шумарството, сточарството и помалку земјоделството.[3]

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Нестрам со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Селско, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

Цркви

  • Црква „Св. Петка“ — изградена во 1925 г.[10]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads