Семениште
село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Семениште — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во западниот дел од Скопската Котлина, лево од автпатот Тетово - Скопје.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 19 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 71 мажи муслимани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 156 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 290 жители.[3]
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[4] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[5]
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 559 жители, од кои 1 Македонец, 557 Албанци и 1 Бошњак.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 798 жители, од кои 2 Македонци, 754 Албанци, 5 Бошњаци и 37 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Семениште е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Цан (29 к.) доселени се во XVIII век од областа Љума во Албанија. Го знаат следното родословие: Осман (жив на 80 г. во 1940-тите) Ислам-Сејфула-Хусеин-Цан, предокот кој се доселил.
- Никиштан (21 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија. Од таму се иселиле најпрво во селото Никиштане, по кое и го добиле името. А од таму во Семениште.
- Арно (11 к.) доселени се од Мирдита во северна Албанија. Потекнуваат од фисот Бериша. Имаат роднини иселени од Мирдита во Блаце кај Качаник.[13]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[14]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads