Сергеј Иљјушин
руски авиоконструктор From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сергеј Владимирович Иљјушин (Дилалево, 30 март 1894 - Москва, 9 февруари 1977 ), бил руски генерал и и водечки советски конструктор на авиони. Во текот на три децении конструира повеќе од 50 видови авиони. Посебно познат по оклопниот јуришен авион "Ил-2" констриран за потребите на советското воено воздухопловство во Втората светска војна.

Станал пилот 1917 година, а 1932 година започнува да работи на конструкција на авиони. Во 1936 година го конструирал двомоторниот авион ЦКБ-30, кој постигнува неколку рекорди, 1939 година го има конструирано јуришниот авион Ил-2, лесниот бомбардер Ил-4 и јуришниот авион Ил-10. После втората светска војна го има конструирано авионот Ил-12 кој наоѓа примена во цивилната авијација, потоа Ил-14, Ил-18 и турбомоторниот авион Ил-28.
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
