Симеон Кавракиров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Симеон Кавракиров (Солун, 16 ноември 1898 - Семково, Бугарија, 14 јуни 1934 ) — македонски револуционер, припадник на ВМРО (Обединета) и член на Бугарската комунистичка партија.
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Образованието го започнал во родниот град. Во 1919 година, тој се преселил во Софија, каде што студирал право на Софискиот универзитет. Во 1920 година станува член на БКП и Емигрантскиот комунистички сојуз. Од 1924 година работи во Пловдив каде раководи со месниот комитет на БКП и воената организација. По нејзиното пропаѓање во мај 1925 година е осуден на една и пол година затвор. Влегува во ВМРО (Обединета) и од 1928 година е секретар на Обласниот комитет на организацијата, а од 1929 година раководител на третата револуционерна област (Пиринска Македонија). Под псевдонимот Павел работи по создавање групи на ВМРО (Об.) на територијата на Пиринска Македонија. На 8 јуни 1932 е киднапиран од бандити на ВМРО и две години e држан во робија. По деветнаесетомајскиот преврат 1934 година е убиен од нив во местото Семково, Рила планина. Неговата дејност го спротивставила со следбениците на Ванчо Михајлов, а тоа било причина во 1932 да биде грабнат, по наредба на Ванчо Михајлов, а по две години заложништво, Кавракиров бил убиен од ванчомихајловистите, кои се во тесни врски со бугарските фашисти.
Неговото име го носи селото Орман, Петричко, од 1951 година.
Remove ads
Надворешни врски
- Расправа во бугарскиот парламент за киднапирањето на Симеон Кавракиров
- Архивирано на 29 септември 2007 г. (бугарски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads