Слатино (Тетовско)
село во Општина Теарце, Тетовско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Слатино — село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) под името Ислатина со 64 семејства, 4 неженети и 4 вдовици, сите христијани.[2]
Според турски документи од 1628 година село Ислатине се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 39 семејства (домаќинства).
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Слатино живееле 345 жители, од кои 275 Албанци и 70 Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слатино имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 600 Албанци и 100 Македонци.[5]
На пописот од 2002 година, селото имало 4.112 жители, од кои 11 Македонци, 4.018 Албанци, 7 Роми, 1 Србин и 75 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.198 жители, од кои 3.125 Албанци, 6 Роми, 2 останати и 65 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Родови:
Родови
Слатино е македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
- Македонци: Урошовци (18 к.) најстари селски доселеници. Доселени се од некое село во Овче Поле. Имаат иселеници во Лешок, Тетово (четири семејства), Туденце, Теарце, Белград (едно семејство) и во Бугарија (едно семејство); Ѓоровци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од соседното село Варвара. Таму припаѓале на родот Коачовци, подалечно потекло имаат од областа Љума во северна Албанија.
- Албанци: Нузолар (18 к.), Акуље (11 к.), Адиловци (5 к.), Канче (16 к.), Топал (7 к.), Шкунделер (10 к.), Одолар (6 к.), Масалари (17 к.), Ибишовци (26 к.), Идризолар (17 к.), Амоќе (6 к.), Мале Зи (3 к.), Ајрадиновци (3 к.) нивното потекло е од северна Албанија, од Топојани во Љума, Малесија, итн. Некои од овие родови припаѓаат на фисот Красниќи; Рамадановци (6 к.), Имеровци (10 к.), Меметовци (47 к.), Кољовци (14 к.), Салепчи (3 к.) и Кољовци (14 к.) нивните куќи се наоѓаат во торбешкото маало. Нивното потекло е торбешко. Порано зборувале на македонски. Како место на потекло го наведуваат некое место Ќафа во Албанија, да не Ќафа кај граничниот премин во струшко?.[10]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2017, 2018, 2019 и 2020 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.961 гласач.[12]
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Никола“ - Слатино[13] - оштетена за време на конфликтот од 2001
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Покрај наведените иселеници при описот на родовите, се знае и за следните иселеници од селото. Шоповци (4 к.) се иселиле во селата Лешок и Ратае. Нивното потекло било од Сириниќ во Косово. Богојевци (2 к.) се иселиле во Лешок и Теарце. Салија (1 к.) Албанец, се иселил во селото Непроштено.[10]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads