Ратае

село во Општина Јегуновце From Wikipedia, the free encyclopedia

Ратаеmap
Remove ads

Ратае — село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 11 километри североисточно од Тетово.

Историја

Во пишани документи наоѓаме дека е стара-прастара населба, која потекнува од XIII век.

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Голем дел од месното население на село Ратае потекнува од пограничното село Горанце, денес во Косово, како и од гостиварското село Дуф.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ратае живееле 129 жители, од кои 105 Македонци и 24 Албанци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ратае имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, во селото имало 16 куќи и 232 жители, Македонци и Албанци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 411 жители, од кои 410 Македонци и 1 Србин.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 401 жител, од кои 385 Македонци, 8 Срби и 8 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Ратае е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Будимоски (3 к.), најстар род во селото
  • Со непознато потекло: Димкоски (2 к.) имаат иселеници во Ниш (едно семејство) и во Белград (едно семејство); Наумоски (2 к.); Стаменкоски (3 к.); Атлески (3 к.) имале иселеници во Тетово кои изумреле; Димитрески (3 к.); Тасевци (1 к.), .
  • Доселеници: Тошески (4 к.) доселени се од селото Челопеци. Го знаат следното родословие: Цветан (жив на 38 г. во 1947 година) Анто-Стојан, предокот кој се доселил; Китаноски (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Рогачево; Мисајлоски (1 к.) доселени се во 1917 година од селото Старо Село; Маркоќевци (1 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Драјчиќи во Косово; Мисајлоски 2 (1 к.) доселени се од селото Јелошник; Петкоски (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Горно Село во Косово; Синадиноски (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Доброште, таму биле староседелци; Вучески (6 к.) доселени се во 1919 година од селото Горанце кај Качаник (Косово); Видоески (1 к.) доселени се во 1921 година од селото Рогачево, таму им биле роднини Грујовци; Јовчески (1 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Вратница, таму им биле роднини Костанаќевци; Цветкоски (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Галате, Гостиварско. Таму им биле роднини Мировци; Станисавци (1 к.) доселени се од селото Вратница, таму имаат истоимени роднини.[12]
Remove ads

Општествени установи

Цркви

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2116 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 348 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads