Слатински Извор (пештера)
пештера во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Слатински Извор — најголемата пештера во Македонија,[1] во околината на с. Слатина во областа Порече, на левата долинска страна на Слатинска Река, во непосредна близина на нејзината утока во реката Треска. Во 2011 г. пештерата со закон е прогласена за споменик на природата.[2]
Remove ads
Настанок и одлики
Создадена е во доломитски мермери со проблематична старост. Пештерата е сочинета од еден долг канал од кој во неколку правци се разгрануваат подолги и покуси канали[3]. Досегашната вкупна и истражена должина на пештерата изнесува 800 метри, од кои 705 метри припаѓаат на главниот пештерски канал. На одделни места од главниот канал доминираат пештерски столбови и сталактити, а во најголемата пештерска сала (20 х 15 м) создадени се и поголеми сталагмити.
Истражена должина на пештерата изнесува 800 м, но досега е познато дека е долга повеќе од 4 км.[4] На одделни места од главниот канал преовладуваат пештерски столбови и сталактити, а во најголемата пештерска сала создадени се и поголеми сталагмити. Во пештерата протекува понорница во должина од 557 м, а исто така во неа се создадени и помали травертински езерца во кои е утврдена присутност на пештерски ракчиња, како и огромно зелено пештерско езеро.
Според должината, разновидната внатрешност и местоположбата, пештерата Слатински Извор има извонредни можности за туристичка намена.
Пештерски украси
Според условите во кои се формирани, украсите во пештерата Слатински Извор припаѓаат на три групи: украси формирани од вода што тече и вода прокапница, украси формирани од капиларна вода и басенски депозити.
Remove ads
Галерија
- Процепот на вистинскиот отвор од каде е првпат пристапено во пештерата
- Вистинскиот отвор од каде е првпат пристапено во пештерата
- Отвор на пештерата
- Отвор на пештерата
- Внатрешноста на пештерата
- Отвор кон една од салите на пештерата
- Отвор кон една од салите на пештерата
- Сталактити на таваницата на пештерата
- Сталактити на таваницата на пештерата
- Внатрешноста на една од салите на пештерата
Поврзано
- Горна Слатинска
- Пурало
- Овчарска Пештера
- Слатина
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads