Сињак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сињак или Снежник (грчки: Άσκιο, Аскио) — планински венец во северозападниот дел на Кожанскиот округ и источниот дел на Костурскиот округ во Егејска Македонија. Највисок врв е Сињак со 2.111 м.[1] Северниот дел е шумовит. Се протега од селото Клисура на северозапад до Сахинлар на југоисток, во должина од околу 30 км. Најблиски други планини се Нередска Планина на северозапад, Црвена Гора на југ и Каракамен на североисток. Реките по западните и јужните падини на планината планината извираат се влеваат во Бистрица, а оние на североисток завршуваат во Островското Езеро.
Remove ads
Населени места
Поголеми населени места во околината на Сињак се: Сачишта на југ, Кајлар на североисток и Кожани на југоисток. На самата планина се среќаваат селата Влашка Блаца (во средиштето), Селица и Деделер во јужниот и Ланга, Дебрец, Мокрени и Клисура на северниот дел. Јужно од венецот минува автопатот „Егнатија“ (Игуменица - Јанина - Кожани - Солун) низ малата област Карајанија, вгнездена во јужните падини и обиколена со разни други планини.
Remove ads
Поврзано
- Карајанија
- Сињак — управна единица на Општина Горуша
- Црвена Гора
- Каракамен
- Костур (округ)
- Кожани (округ)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads