Сокол Таневски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сокол Таневски
Remove ads

Сокол Таневски, исто така познат како Сокол Танев (Велес, 1912 ?) — македонски политичар, економист и деец на Комунистичката партија на Македонија и Југославија. Вториот градоначалник на Велес после ослободувањето на градот на 9 ноември 1944 година. Таневски го наследил Дончо Мирчев кој бил отстранет од неговата функција поради тоа што се противставувал со тогашните одлуки на комунистичката власт. За време на неговиот мандат тој ја вметнал програмата за илинденска пензија во градот. Учествувал во народноослободителната борба.

Кратки факти Сокол Таневски, Градоначалник на Велес ...
Remove ads

Животопис

Таневски е роден во 1912 година во градот Велес, во населбата Дворови. Според една псевдоисториска проценка од Стоилко Андреевски, Таневски бил таткото на Живко Фирфов.[1] Други истакнати личности со потекло од населбата биле Љубе Зафиров — градоначалник на Велес после Таневски и Љубе Манушев — познат велешки фотограф. Во 1927 година неговиот постар брат Димко Танев(ски) го формирал велешкиот футбалски клуб „Балкан“ со членовите Васил Зафирчев, Бојчо Органџиев, Милан Јанев и Анѓелче Салџиев. Фудбалери на тој клуб биле Ордан Каникот, Димче Богданов, Пенчо Органџиев, Тодор Андов, Тодор Кирков, Киро Хаџиристов, Ангел Дончев, Андо Пљакот, Милан Ичитрајков, Трајко Листата, Ганчо Вишин, Димче Бугарчето и Боро Варошлија.[2]

Покрај 1930-тите Таневски се приклучил во Комунистичката партија на Југославија и комунистичкото движење. Кога се проширила Втората светска војна во југословенскиот терен Таневски зедол учество во народноослободителната борба. Се приклучил во велешкиот оддел на Акционен народноослободителен комитет (АНОК) како курир заедно со тројца други, Орце Вилар — бакал во поволна економска состојба, Благој Васков — подгрбавен доктор со висок авторитет и Богдан Гигов — македонски партизан кој воопшто не бил активен. Во еден извештај од КПЈ, Таневски бил обележан како „страшлив“.[3] При војната Таневски бил заробен од страна на бугарските фашистички окупатори и префрлен во Софија. Таму тој успеал да избегне од неговиот затвор и престојувал кај домот на истакнатиот македонски поет и револуционер Коле Неделковски. Заедно со него го прославиле ден на трудот, неколку месеци пред да почине Неделковски.[4]

За време на завршните фази на ослободувањето на Македонија Сокол Таневски повторно се вратил во Македонија. После војната тој политички учествувал во новата комунистичка власт. Дончо Мирчев бил отстранет од неговата функција како градоначалник на Велес поради неговите противставени ставови. Во 1946 година Сокол Таневски бил назначен за градоначалник. Нема многу податоци за неговите придонеси врз градот за време на неговиот мандат, освен тоа што го вметнал програмата за Илинденска пензија во градот. Во 5 април 1951 година бил формиран велешкиот оддел на архивскиот центар и Сокол Таневски бил назначен за претседател.[5] Во 26 јуни 1953 година Таневски го формирал околиското лозарско претпријатие „Лозар“ со седиште во Велес, тогаш Титов Велес. Успешно ја регистрирал фирмата на 30 јули истата година.[6] Таневски бил сопственик и претседател на претпријатието сѐ до 18 февруари 1966 година кога бил разрешен од неговата функција и преместен со Трајан Николовски.[7] Загинал после 1985 година.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads