Сокол (Серско)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сокол (Серско)map
Remove ads

Сокол (грчки: Συκιά, Сикија)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Сокол Συκιά, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 27 километри источно од градот Сер и на 2 километри источно од Довишта, на надморска височина од 297 метри.

Историја

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 115 жители Турци[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 180 Грци и 100 Турци[4].

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година населбата била евидентирана како напуштена[5].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1930 година, селото било преименувано во Сикија[6].

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото броело 167 жители, додека во 1940 година селото броело 224 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 200 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 205 жители, во 1971 година имало 96 жители, во 1981 година имало 83 жители, додека во 1991 година имало 114 жители.[5] Денеска, населението на селото е 111 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads