Сопот (Кавадаречко)

село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia

Сопот (Кавадаречко)map
Remove ads

Сопот — село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Тиквешката Котлина, во североисточниот дел од Општина Кавадарци, недалеку од градот Кавадарци. Селото е сместено на левиот брег на реката Луда Мара. Селскиот атар нашироко се допира со подрачјето на соседната Општина Неготино.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 205 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 6 километри.[2]

Атарот зафаќа простор од 19,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.721 хектар.[2]

Селото е од збиен тип со разредени краеви, поделено на две маала, Горно и Долно Маало.[3]

Remove ads

Историја

Подрачјето на Сопот е населено уште од доцната антика, за што сведочат двете наоѓалишта во неговиот атар.[4]

Селото било муслиманско во турско време. До крајот на XIX век во селото имало христијани, а на другата страна на реката постоело Чифличко Маало.[3]

Селото е старо и било седиште на тиквешкиот областен управител („ајан“) пред Пепелиште.[3]

Во XIX век, Сопот било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Remove ads

Стопанство

Селото има исклучително полјоделска функција.[2]

Во минатото, жителите се занимавале со земјоделство и имало неколку бегови.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сопот имало 580 жители, од кои 575 Македонци (350 православни и 225 муслимани) и 5 Роми.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сопот имало 120 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци и 25 до 50 Албанци.[7]

Муслиманските родови од селото се иселиле пред Втората светска војна, што може да се забележи и од податоците од спроведените пописи по војната.

Селото е големо, коешто во 1961 година броело 865 жители, од кои 822 биле Македонци, а 20 жители Срби, додека во 1994 година селото имало 866 жители, од кои 853 биле Македонци, 8 Срби и 3 Роми.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Сопот имало 804 жители, од кои 800 Македонци, 2 Роми, 1 Србин и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 676 жители, од кои 645 Македонци, 2 Албанци, 11 Роми, 4 Срби, 2 останати и 12 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Како родови во Сопот се споменуваат:[3]

  • Муслимански родови:
    • Старинци: Рушидепајиовци (7 к.); Гореновци (5 к.); Копшиновци (2 к.); Камбоновци (4 к.); Мушичковци (8 к.) и Јунузовци (5 к.)
    • Доселеници: Зајимовци-Карапашовци (8 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од Дебарско; Бесвичевци (2 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од старото село на Бесвица; Муаџировци (1 к.) доселени се средината на XIX век од селото Црвени Брегови.
Remove ads

Општествени установи

  • Основно училиште
  • Амбуланта
  • Дом на културата
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Сопот, во која се наоѓале селата Курија, Марена и Сопот.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кавадарска градска општина, во која покрај селото Сопот се наоѓале градот Кавадарци и селата Ваташа, Глишиќ и Марена.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

Thumb
Главната селска црква „Св. Атанасиј““

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0702 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Сопот.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 665 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 666 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[17][18]
Археолошки наоѓалишта[4]
  • Вршник — населба од доцноантичко време
  • Црквиче — населба од доцноантичко време

Личности

Родени во Сопот
  • Илинка Донова — универзитетска професорка
  • Златан Стојчев — прецедател на Здружението на лозарите

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads