Софре Марковски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Софре Марковски
Remove ads

Софре Николов Марковски - Чучето (21 септември 1921 во Галичник16 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Основно училиште завршил во родното село, а потоа, есента во 1934 година заминал во Белград на печалба. Таму работел како работник во продавница за зеленчук. Есента во 1936 година заминал во Крагуевац во пиротехничкиот завод, со цел да изучи монтерски занает. Во него останал три години и го усовршил овој занает. Бидејќи ниту во Крагуевац, ниту во Белград не можел да најде работа, во септември 1940 година, заминал за Скопје и се вработил во Поштата Скопје 1, како монтер. Окупацијата го затекнала во Скопје на работното место во поштата, но повремено живеел во Кадино Село, за да ја избегне воената обврска во бугарската окупаторска војска. Пролетта 1944 година, тој заминал во НОВ и ПОМ преку Сушица и стапил во Втората македонска ударна бригада. При ослободувањето на Скопје, тој бил во Третата македонска ударна бригада. На Сремскиот фронт заминал како поручник во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Загинал на 16 април 1945 година во Будровци кај Врпоље, каде бил закопан во една заедничка гробница со деветмина други борци.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads