Србо Ивановски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Србо Ивановски (Штип, 1928 - Скопје, 12 март 2014 ) — македонски поет, раскажувач, романописец, драмски автор и писател за деца.
Remove ads
Животопис
Србо Ивановски е роден во 1928 година во Штип. Се школувал во родното место, а дипломирал на групата Јужнословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како уредник во неколку списанија и весници, како и долгогодишен уредник во Радио Скопје. Toj e член и поранешен претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1949 година, како и член на Македонскиот ПЕН центар.[1] Починал на 12 март 2014 година во Скопје[2].
Remove ads
Творештво
Србо Ивановски е автор на поезија, раскази и романи за возрасни и за деца. Тој е претставник на втората македонска поетска генерација, а во современата македонска поезија се појавил во 1950 година. Негови поважни дела се:[3]
- Лирика (поезија, 1950),
- Желби и меѓи (поема, 1950),
- Средби и разделби (поезија, 1953),
- Бели крикови (поезија, 1956),
- Маѓепсан патник (поезија, 1966),
- Пена од планината (поезија, 1972),
- Прстен на времето (поезија, 1993),
- Горчлив корен (поезија, 1994),
- Челуст на времето (поезија, 1996),
- Близу до животот близу до смртта (поезија, 1998).
- Жена на прозорецот (раскази, 1955),
- Кога тетин Клименте шеташе над градот (раскази 1982),
- Желките од рајската градина (раскази, 2009),
- Осамени (роман, 1957),
- Мартин Нуната (роман, 1979),
- Леонида трча окрвавен (роман, 1980),
- Додека го чекавме Андреја (роман, 1990),
- Балада за исчезнатите (роман, 1994),
- Неподобниот (роман, 1997).
Исто така, Ивановски е познат и како автор на текстот на познатата детска песна „Елко, елко“, создадена во 1952 или во 1954 година, на музика на композиторот Тодор Скаловски.[4]
Иако на почетокот од книжевната кариера бил типишен претставник на соц-реалистичката поезија, подоцна станал изразито модернистички поет. Во неговата проза доминираат теми и мотиви од секојдневниот живот, со повремено свртување кон темите од НОБ, а во романот „Емигранти“ го опишува животот на иселениците.[5]
Remove ads
Награди
За своите дела, Ивановски е добитник е наградите „Кочо Рацин“, „13 Ноември“ и „Стале Попов“. За поемата „Елена“, во 2006 година ја доби наградата „Григор Прличев“.[6] За целокупниот поетски опус, во 2008 година ја доби наградата „Книжевно жезло“, што ја доделува ДПМ.[7] Српското издание на неговата книга песни „Маѓепсан патник“ во 1976 година ја доби наградата „Бранко Миљковиќ“.[8]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads