Срчали
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Срчали (грчки: Σπουργίτης, Спургитис, до 1927 Σερτσελή, Серцели)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 18 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 330 метри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Срчали се состоело од 23 семејства и 38 жители муслимани[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Срчали имало 66 жители муслимани[4].
Во текот на Балканските војни, селото настрадало од страна на грчките војски.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 152 жители, а во 1920 година исто така 152 жители, од кои сите биле Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[5]. Во 1927 година, селото било преименувано во Спургитис.[6]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 109 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 310 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 215 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 277 жители, во 1971 година имало 146 жители, во 1981 година имало 111 жители, додека во 1991 година имало 107 жител[8]. Денеска, населението на селото е 123 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads