Стара џамија (Отушиште)
џамија во Отушиште, Теарце, Тетовско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стара џамија — османлиска џамија во поранешното село Отушиште, денес маало на селото Теарце, Тетовско. Му припаѓа на Тетовското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за значајно културно наследство на Македонија.[1]
Remove ads
Архитектонски опис
Џамијата се наоѓа во центарот на селото, на главната улица „Маршал Тито“. Од сите страни е обиколена со улици и нема двор. Од североисточната страна има стара воденица, која сè уште работи. Џамијата е од типот на еднопросторни ашхаб-џамии на квадратна основа и покриена е со покрив на четири води и има масивни камени ѕидови. Влезот е преку затворен трем, каде се доградени чешми. На челната стена лево и десно од влезната врата има по еден михраб. Вратата има украсни геометриски елементи и стилизирани метални розети со алки. Во молитвениот простор доминира слепата дрвена купола, обработена со шарени цветни мотиви. Михработ е украсно обработен и поставен на југоисточниот ѕид со минбер во аголот. На северозападниот ѕид со дрвена конструкција е поставен махвил (галерија). Ѕидовите се украсени и со рамномерно поставени цветни елементи. Минарето е поставено на северозападниот агол на џамијата. Тоа е многуаголно, со основа од обработен бигор и завршува со конусен покрив. Преодот кон шерефето е украсен со стакалктити. На минарето се вградени две плочи. Eдната e камена, на која стои исламската година „1324“, односно 1906 - 1907 по грегоријанскиот календар; другата е мермерна со истата година, како и годината на реконструкција — 1988.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads