Стерјана Вангелова-Славјанка
македонски деец и учесничка во Грчката граѓанска војна From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стерјана Вангелова Канзурова - Славјанка ( 1924 , Добролишта - 19 мај 2005 , Скопје) — македонски деец на комунистичкото движење,[1] учесник во НОВ и во Граѓанската војна во Грција.[2][3]
Remove ads
Животопис

Стерјана учествувала во Антифашистичкиот отпор (1941-1944),[1] се приклучила во НОВ во 1941 година. Била активистка на младинската организација ЕПОН. Собирала оружје и растурала пропаганден материјал. Во почетокот на 1943 година стапила во единиците на ЕЛАС и била борец во 28-та бриrада.[3]
Во мај 1944 година, заедно со едепн одред на борци, Македонци, од Еrејска Македонија, преминала во единиците на НОВ и ПОМ, како борец во Првата македонска ударна бригада. По неколкv месечно војување единиците на НОВ и ПОМ, се вратила во единиците на ЕЛАС. Кон крајот на 1944 година повторно дошла во Македонија, овојпат како борец во Првата егејска македонска ударна бригада. Во Првата егејска ударна бригада станала младински раководител на Првиот баталјон.[2][3]
Во периодот на Граѓанската војна во Грција (1946-1949) била секретар на Окружниот комитет на АФЖ за Костурско и Леринско и организационен секретар на Главниот одбор на АФЖ за Егејска Македонија.[1][2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads