Стоилко Ивановски-Планински

македонски комунист, учесник во НОБ и професор From Wikipedia, the free encyclopedia

Стоилко Ивановски-Планински
Remove ads

Стоилко Иваноски–Планински (24 јануари 1920 во Ораов Дол10 мај 2003 во Скопје) — македонски комунист, учесник во НОБ и професор.[1] Бил носител на Партизанска споменица од 1941.

Thumb
Споменик во негова чест пред влезот во родното село Ораов Дол

Животопис

Бил член на КПМ од 1941 година, организатор на партизанското движење во областа Азот. Летото 1942 година бил уапсен од бугарската полиција. Во септември 1942 година станал политички комесар на НОПО „Димитар Влахов“. По формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ на 18 август 1943 година на планината Славеј (Охридско), првата регуларна единица на НОВ и ПОМ, поставен е за негов политички комесар.[1]

Бил заменик-политички комесар на баталјон во Првата македонско-косовска бригада и на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“. Член на Првото заседание на АСНОМ и одговорен за создавањето на органите на власта во Скопската област.[2]

По ослободувањето бил секретар на околискиот народноослободителен одбор за Велешката околија. Автор бил на повеќе книги со тематика од НОАВМ.[2]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads