Сузана В. Спасовска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сузана В. Спасовска (1972, Ротердам, Холандија) — македонска поетеса, книжевна критичарка.[1][2]
Животопис
Сузана В. Спасовска е родена во 1972 година, во Ротердам. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.[3][4][5][6][7][8][9][10][11]
Творештво
Спасовска ги има објавено следниве збирки поезија:[3][12]
- И љубов и заговор (1996)
- Смртно писмо (2004)
- Божествена жена (2006)
- Низ темјанот еден лилјан (2014)
- Пеперутка од пепел (2018)
- Јазикот на светлината (2020) - добитник на наградата „Антев златник“, 2019 година
- Кадуцеј и лира (2022)
Во 2021 година ја објави книгата „Слободата на стихот“[13], како самостојно издание, која е нејзината магистерска теза.Во 2024 година излезе од печат нејзината критичко-есеистичка книга „На врв од острицата“, во издание на издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads