Супурге
село во Општина Радовиш, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Супурге (поретко: Супурѓе) — село во Општина Радовиш, во областа Јуруклак, во околината на градот Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 56 жители,[2] со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Штип.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 665 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 7 километри.[4]
Селото е сместено во областа Јуруклак, на јужните падини на планината Плачковица.
До селото води макадамски пат од селото Прналија, кој во 2021 година бил проектиран да биде асфалтиран.
Северозападниот дел на атарот излегува на вештачкото Тополничко Езеро. Се наоѓа во источниот дел на општината, 3 километри југозападно од селото Коџалија.
Remove ads
Историја
Супурге традиционално е населено од групата Јуруци, кои се најстарите турски доселеници во Македонија, дојдени уште во XIV век.[4]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 4,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 201 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 119 хектари, а на пасиштата 118 хектари.[4]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Супурче имало 220 жители, сите Турци.[5]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Сјупјурге живееле 105 Турци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[7]
Селото е мало, коешто во 1961 година броело 72, а во 1994 година 61 жител.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Супурге живееле 56 жители, сите Турци.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 56 жители, од кои 54 Турци и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads
Самоуправа и политика
Во XIX век, Супурге било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Супурге, се наоѓале градот Радовиш и селата Али Коч, Козбунар, Коџалија, Раклиш, Прналија и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Тополница, во која влегувале селата Али Коч, Бучим, Коџалија, Прналија, Супурге и Тополница.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1601 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 49 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 51 гласач.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Џамии[16]
- Џамија — главна селска џамија.
Галерија
- Поглед на Тополничко Езеро од селото
- Селската џамија со објектот за гласање
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads