Талат Џафери
македонски политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Талат Џафери (албански: Talat Xhaferi; Форино, 15 април 1962 ) — македонски политичар, поранешен министер за одбрана, поранешен претседател на Собранието на Македонија и поранешен претседател на 34. техничка влада на Македонија.
Remove ads
Животопис
Талат Џафери е роден во гостиварското село Форино на 15 април 1962 година. Основно училиште завршил во соседното село Чегране, а средното го продолжил во Белград на Воената гимназија. Студирал на Воената академија на Копнена војска на ЈНА — насока Пешадија во Белград и Сараево. Последипломски студии — специализација за Командни и штабни должности на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски” во Скопје. За време на Воениот конфликт во Македонија во 2001 година, Џафери бил висок офицер во АРМ и командувал со единиците во Тетовската касарна. На 28 април, на денот кога е извршен Масакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово.[1] Неколку дена потоа дезертирал и преминал во ОНА како „Командат Форина“.[2] Џафери на 27 април 2017 бил избран за претседател на Собранието на Македонија, што било проследено со Упад во Собраниската зграда.[3] Од ВМРО-ДПМНЕ го оспориле неговиот избор како нелегитимен бидејќи според партијата, бил прекршен деловникот за работа на Собранието.[4]
Remove ads
Функции
- 2024 - Технички премиер на Македонија
- 2017 – 2024 - претседател на Собранието на Македонија
- 2014 – 2016 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
- 2013 – 2014 - министер за одбрана на Македонија
- 2011 – 2013 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
- 2008 – 2011 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
- 2004 – 2006 - заменик на министерот за одбрана на Македонија
- 2002 – 2004 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
- 1992 – 2001 - офицер во АРМ
- 1985 – 1991 - офицер во ЈНА
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads