Форино

село во Општина Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia

Фориноmap
Remove ads

Форино — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар. Селото во поново време е скоро целосно споено со соседното село Чегране.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Thumb
Поглед на Форино (лево) и соседното Чегране (десно), кои се буквално споени во денешно време

Името на селото првпат е забележано во XVI век како Форино (1568-69 г.). Името на селото потекнува од личното име Форе (се поврзува со Никифор, Христофор), а самиот топоним настанал со придавско име од суфиксот -ино, кој означува село.[2]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Гостивар, од десната страна на реката Вардар.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од околу 500 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено девет километри.[3]

Форино е сместено во подножјето на планината Сува Гора, помеѓу Чајле на југозапад и Чегране на североисток. Непосредно над Форино се издигнува висока и карпеста планинска падина. До 1947 година, водата за пиење се добивала од бунари и пумпи, кои се наоѓаат во дворовите на куќите. Јужно од Форино извира јак извор, Форински Извори или Јаорка. Од овој извор порано водата се користела за водениците и за наводнување, но за време на сушни години истиот пресушува.[4]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Леска, Нер Катунди (Под Село), Глаица, Ѓолет, Дуаниште, Ливада Мад (Голема Ливада), Врчки Лаг, Селиште, Бардовци, Дулејца, Арате Бегут (Бегови Ниви), Ливада Џабирит, Врба, Кула, Дабче, Карпа, Опал, Ленич, Лесија, Уле Пазарит (Пазарски Пат), Рудина, Влак и Корија.[4]

Форино е село од збиен тип, кое има прилично издолжен облик. Куќите се групирани на долниот раб од планината и на котлинското дно. Има четири маала: Горно Маало (Маало Епр), Долно Маало (Маало Поштр), Маало Шекеве и Маало Мерчеве. Главниот дел на селото се наоѓа на самиот пат кој поминува низ селото.[4]

Remove ads

Историја

Thumb
Улица низ Форино

Форино е старо село, кое порано било населено со православно македонско население. Во пишаните извори селото првпат се спомнува во периодот 1461/62 година. Во пресудата за вакуфот Мехмед-бег од Тетово, на атарот на Форино се споменуваат ниви, ливади и воденици, сведок бил некој Турчин Хасан бин Џафер од Форино. Во атарот на селото се наоѓа и месноста Селиште, која се наоѓа јужно од селото. Во соседното Чајле се говорело дека таму имало остатоци на македонски куќи и гробишта.[4]

Старите форински македонски староседелци имале црквата посветена на Свети Никола. Откако во селото почнале да се доселуваат муслимански Арбанаси, македонските жители во текот на XIX век започнале постепено да се иселуваат, додека не се иселиле целосно од него. Поп Младен од Куново памтел дека во Форино имало околу 40 православни македонски домаќинства. Мештаните на соседното Чајле говореле дека во Форино имало 47 македонски куќи.[4]

Кон крајот на 1890-тите години, во селото имало само три македонски куќи, додека доселените Арбанаси имале 50 домови. И по други податоци од 1896 година, Форино уште се води како мешано македонско-албанско село. Истата година, во Форино уште постоела црквата „Св. Никола“.[4]

На почетокот на XX век, Македонците од Форино целосно се иселиле, а тогаш била срушена и црквата. По сеќавања на селаните од околината на Форино, се знае дека некогаш тука живееле овие македонски родови: Форинци (2 к.), кои живеат во Зубовце; Јакофовци, прво се иселиле во Тумчевиште, а потоа во Тетово, каде изумреле; Велјаница со децата се иселила во Тетово; Стојан, се иселил некаде; Синадин, се иселил во соседното Чегране, каде бил слуга кај албанскиот род Мујалар и примил ислам; Манасија со децата бил последен Македонец во Форино. Него заедно со синот Стојко го убиле селските Албанци, а жена му Манасија отишла во Волковија. Некои православни родови се иселиле во некогашното село Горно Фалише и на други страни.[4]

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Форинската црква „Св. Никола“ се наоѓала во јужниот дел на селото, каде денес се наоѓа основното училиште. Околу црквата имало и македонски гробишта. Во 1947 година при копање на темели за училишната зграда биле пронајдени лешеви. На дел од нив уште имало македонски носии. Тогаш на истото место биле откопани и црковните темели. Последната куќа во која живееле православни Македонци е срушена во 1940-тите години. Таа и другите македонски куќи се наоѓале во близина на селската црква, под патот кој поминува низ селото.[4]

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 11,9 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 509 хектари, на шумите отпаѓаат 397 хектари, а на пасиштата само 42 хектари.[3]

Врз основа на составот на атарот селото Форино има полјоделска функција. Во селото работат продавници и услужни објекти.[3]

За време на отоманскиот период, свои поседи во селскиот атар имале некои побогати Турци и Албанци од Гостивар: Ќамил-бег, Риза-бег и Јашар-бег. На нивните поседи работеле македонските селани од Форино. Наследниците на Јашар-бег ја чувале и кулата во селото до 1912 година.[4]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Форино живееле 590 жители, од кои 560 Албанци муслимани и 30 Македонци христијани.[6]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Форино — село во Чегранска општина во Горнополошкиот срез и има 129 куќи и 820 жители, Албанци и Македонци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.000 Албанци.[8]

Форино е мошне големо село, коешто во 1961 година броело 2.043 жители, од кои 2.017 биле Албанци, а 10 жители Македонци. Во 1994 година бројот двојно се зголемил и тоа на 4.047 жители, од кои 3.994 биле Албанци и 49 жители Роми.[3]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Форино, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[б 1]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 4.652 жители, од кои 4.624 Албанци, 1 Србин, 1 Бошњак и 26 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.809 жители, од кои 2.710 Албанци, 1 Ром, 4 останати и 94 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Денес, Форино е муслиманско албанско село, а во помал дел населено со Роми. Сите потекнуваат од доселенички родови.[4]

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

  • Албански родови: Ферука (11 к.), по потекло од областа Мат во Албанија, се доселиле браќата Ферук и Азис околу 1780-тите години. Го знаат следниов родослов Реџеп (жив, 70 години во 1947 година)-Авмет-Али-Ајваз-Ферук; Шеке (27 к.), основачи на истоименото маало, по потекло од некое село во околината на Пешкопеја, иако П. Јовановиќ забележал дека и тие се од областа Мат; Мерче (25 к.), основачи на истоименото маало, за нив П. Јовановиќ забележал дека се од околината на Дебар. Порано биле еден род со Љуте; Љуте (8 к.), исто потекло како родот Мерче; Матњан (11 к.), името го добиле по областа во која живееле (Мат). Во Форино дошле во првата половина на XIX век, го знаат следниов родослов Зулфи (жив, 27 години во 1947 година)-Исен-Сали-Џафер-Селим, еден од првите доселеници. Едно нивно семејство живее во Жеровјане; Бобаре (7 к.), по потекло од селото Суви Дол, во околината на Пешкопеја. Таму биле роднини со истоимениот род, кои денес живеат во Челопек, како и со родот Мујалар, кој денес живее во Чегране. Веројатно и тие дошле околу 1880-тите години, како родот Мујалар; Љоке (17 к.), во Форино дошле на почетокот на 1800-тите години, го знаат следниов родослов Браим (жив, 50 години во 1947 година)-Џеладин-Авзи-Мемет-Џафер, еден од првите доселеници. П. Јовановиќ забележал дека се од Дебар; Даке (13 к.), по потекло од Северна Албанија, тука дошле како Љоке. Го знаат следниов родослов Џеладин (жив, 78 години во 1947 година)-Далип-Камбер-Селман Даке, еден од првите доселеници; Данге (14 к.), и за нив П. Јовановиќ забележал дека се околината на Дебар; Шике (4 к.), по потекло од Северна Албанија; Чупе (4 к.), по потекло од Северна Албанија, а во Форино дошле на средината на XIX век. Го знаат следниов родослов Максут (жив, 40 години во 1947 година)-Мерсељ-Максут-Браим, кој се доселил; Љоке (7 к.), нови доселеници, по потекло од Северна Албанија; Селе (16 к.), името го добиле по предокот Селман, а тука дошле во првата половина на XIX век. Го знаат следниов родослов Рамадан (жив, 80 години во 1947 година)-Селман-Асан, еден од првите доселеници. И за нив, П. Јовановиќ забележал дека се од околината на Дебар; Бајруше (3 к.), по потекло од Северна Албанија; Чаракли (2 к.), исто од Северна Албанија; Билче (4 к.), по потекло од Северна Албанија; Љаке (2 к.), исто од Северна Албанија; Саке (3 к.), исто потекло како претходните родови, дошле во Форино околу 1850-тите години. Го знаат следниов родослов Ваит (жив, 65 години во 1947 година)-Браим-Исак, кој се доселил; Браим Сенокос (1 к.), дошол како домазет од Сенокос, понатамошно потекло од Љума; Шабан (1 к.), дошол како домазет од Беловиште, понатамошно потекло од Северна Албанија; Рауф Асан (1 к.), и тој дошол како домазет од Беловиште и има исто потекло како Шабан; Зибер (1 к.), дошол како домазет од Ломница, понатамошно потекло од Љума, и Бајрам Нуи (1 к.), дошол како домазет од Врбен, а понатамошно потекло од Северна Албанија.
  • Ромски родови: Мамутовци (4 к.), се доселиле за време на отоманскиот период, а претходно живееле во Дебарско; Емин Осман (1 к.), и тој дошол од околината на Дебар и Адем Ариф (1 к.), дошол однекаде како просјак. Сите ромски родови, поради нивниот мал број, го заборавиле својот јазик и сега говорат албански.

Иселеништво

До почетокот на XX век, Македонците целосно се иселиле од селото Форино.[4]

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Форино било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната помала Општина Чегране.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.

Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на Општина Чегране, во која покрај Форино се наоѓале Волковија, Стенче, Тумчевиште и Чегране. Во периодот 1950-1952 година, селото се наоѓало во тогашната општина Чегране во која влегувале селата Тумчевиште, Форино и Чегране.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 0499, 0499/1, 0500, 0500/1, 0501, 0501/1 и 0502 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 4.428 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 4.187 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[18]
  • Леска — средновековна населба;
  • Калдрма — средновековна населба;
  • Рудина — населба и некропола од доцноантичко време;
  • Селиште — средновековна населба;
  • Томе Брез — некропола и тумул од железно време; и
  • Глаица — населба од доцноантичкото време.
Цркви[4]
  • Црква „Св. Никола“ — сместена во јужниот дел на селото, постоела до почетокот на XX век
Џамии[19]
Споменици
  • Селски споменик
Реки
Remove ads

Личности

Родени во или по потекло од Форино
  • Зуди Емини (1958 - 19 јули 2010) - македонски политичар, пратеник во македонското Собрание[20]
  • Талат Џафери (р.15 април 1962) - македонски политичар, претседател на македонското Собрание[21]
  • Зирап Лимани (19 јули 1953) - македонски правник, судија на Врховниот суд на Македонија[22]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads