Тајландски сончев календар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тајландски сончев календар
Remove ads

Тајландски сончев календар (тајландски: ปฏิทินสุริยคติ, мак. тр. патитин суријакати, „сончев календар“) — календар усвоен од кралот Чулалонгкорн (Рама V) in 1888 г. н.е. како сијамска (тајландска) варијанта на грегоријанскиот календар. Воведен е како замена за дотогашниот тајландски месечев календар како службен во државата, иако стариот и понатаму се употребува за верските и народните празници. Годините денес се сметаат по будистичката ера (б.е.) พุทธศักราช, พ.ศ., (путасакарат), кој е 543 години понапред од нашата ера (по Христа).

Thumb
Страница на тајландскиот сончев календар за август 2004 г. (2547 г. б.е.). Дадени се и месечевите датуми.
Remove ads

Години

Сијамците (Тајланѓаните) користеле два календара — свештен и народен. Се смета дека народната или нижа ера (จุลศักราช, чула сакарат ) е воведена со воведувањето на будизмот,[1] [2] and corresponds to традиционалниот бурмански календар (скратено м.е. или б.е. што не е исто со будистичката ера, која е свештена.)

Ратанакосинска ера

Кралот Чулалонгкорн издал указ за промена во народното сметање на датумите според новата ратанакосинската ера (รัตนโกสินทรศก, ратанакосин сок скрат ร.ศ. или р.с.) во 1889 н.е. Епохата за првата година почнува од април 1782, односно устоличувањето на Рама I, втемелувањето на династијата Чакри и основањето на Бангкок (Ратанакосин) како престолнина. За да се добие европскиот грегоријански датум, на р.с. му се додава 1781 за адатуми од април до декември и 1782 за датуми од јануари до март.

Будистичка ера

Свештениот календар по будистичката ера за почеток (нулта година) го зема 11 март 543 г. п.н.е. — денот кога починал Гаутама Буда. Кралот Вачиравуд (Рама VI) го сменил сметањето на годините на оваа будистичка ера (б.е.) и ја повратил почетната година на 1 април in 2455 г. б.е. (1912 г. н.е.).

Нова Година

Новата Година со која почнува календарската година која првично е совпадната со пресметаниот датум за Сонгкран, кога Сонцето ќе го премине соѕвездието овен — првиот знак од зодијакот според сидералната астрологија: така, годината почнувала на 11 април 1822 г.[1] Според претходно споменатото, Рама VI го вратил почетокот на годината на 1 април во 2455 г. б.е. (1912 г. н.е.).

На 6 септември 1940 г. премиерот Плек Пибунсонгкрам дал указ[3] со кој 1 јануари 1941 г. станува почетокот на 2484 б.е., така што претходната година имала само девет месеци. З да се претворат датумите од 1 јануари до 31 март пред таа година, се одзема или додава бројот 542; во друг случај, тоа е бројот 543. На пример:

Повеќе информации Месец, н.е. ...

Денес во Тајланд се одбележуваат две нови години како државни празници: грегоријанската (1 јануари) и традиционалната тајландска Нова Година (สงกรานต์, сонгкран) (13–15 април). Во традиционалниот тајландски календар, смената на следното животно од кинескиот зодијак се случува на традиционалната нова година (денес утврдено на 13 април.)[4] Кинеското малцинство во Тајланд го следи кинескиот календар и ја одбележува кинеската Нова Година со следното животно според дванаесетгодишниот циклус.

Remove ads

Месеци

Месеците во овој календар се изведени од хороскопските знаци во хиндуистичката астрологија. Месеците со по триесет дена завршуваат на -ајон (-ายน, од санскритскиот корен ајана), а оние со триесет и еден ден завшуваат на -аком (-าคม, од санскритското агама). Обете наставки значат „доаѓање“ или „пристигање“.

февруари завршува на -пан (-พันธ์, од санскритското банда, „окован“ или „заробен“). Дополнителниот ден на февруари во престапна година се нарекува атикасуратин (อธิกสุรทิน или (อะทิกะสุระทิน, од санскритските адика „дополнителен“; и сура“ „преместување“).[5]

Повеќе информации Македонски, Тајландски ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads