Тработивиште

село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia

Тработивиштеmap
Remove ads

Тработивиште — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во јужниот дел на територијата на Општина Делчево, на патот помеѓу Делчево и Пехчево, сместено непосредно од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 650 метри.[2]

Атарот зафаќа простор од 22,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.144 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 634 хектари, а на пасиштата 291 хектар.[2]

Селото се наоѓа во јужниот дел на областа Пијанец, во подножјето на планината Влаина, во близина на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 11 километри јужно од градот Делчево и 17 километри севеерно од Пехчево.

Remove ads

Историја

Селото првпат се споменува под името Трѣботишско во 1347 - 1350 година во грамота на српскиот цар Стефан Душан (двѣ нивѣ оть Трѣботишскаго мѣста).

Во XIX век, Тработивиште било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Тработивиште имало 602 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тработивиште имало 320 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци и 300 Турци.[6]

Селото во 1961 година било големо и броело 813 жители. Во 1994 година, бројот се намалил на 571 жител, од кои 488 биле Македонци, 77 Роми и тројца жители Турци.[2]

Турското население, кое претставувало скоро една половина од жителите во селото до средината на XX век, се иселило и заминало во Турција. Денес, во селото е останато само едно турско семејство.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото Тработивиште живееле 533 жители, од кои 446 Македонци, 79 Роми, 5 Турци, 1 Србин и 2 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 415 жители, од кои 303 Македонци, 4 Турци, 86 Роми, 2 останати и 20 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Тработивиште:[10]

Повеќе информации Година, Македонци ...

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Подрачното основно училиште во Тработивиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Тработивиште, во која единствено село било Тработивиште.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Тработивиште се наоѓале селата Вирче, Нов Истевник, Панчарево, Разловци и Стар Истевник.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0591 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 426 гласачи.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 409 гласачи.[14]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[15]
Џамии
  • Џамија — селска џамија, сместена на сретсело

Личности

Родени во Тработивиште

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads