Тони Ромингер
швајцарски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тони Ромингер (германски: Tony Rominger; р. 27 март 1961 во Вајле, Данска) — поранешен швајцарски професионален друмски велосипедист, кој освоил три последователни изданија на Вуелта а Еспања од 1992 до 1994 година и едно издание на Џиро д’Италија во 1995 година.
Доцна започнал со велосипедизам, наводно попречен од конкуренцијата со неговите браќа. Јаки страни на Ромингер биле хронометрите, искачувањето и заздравувањето.
Му бил соперник на Мигел Индураин на Тур де Франс, завршувајќи втор во 1993 година и освојувајќи ја точкестата маичка. Трите негови победи на Вуелта претставуваат рекорд. Во 2005 година, Роберто Ерас го срушил тој рекорд, но два месеци подоцна се покажал позитивен на тестирање на ЕПО и бил дисквалификуван.
Во 1994 година, Ромингер го срушил светскиот часовен рекорд на двапати во неколку дена. Го користел велодромот во Бордо за да извози 53,832 км, а потоа и 55,291 км, иако на нова патека.
Се повлекол во 1997 година, откако ја скршил клучната коска на тогашниот Тур де Франс.
Remove ads
Достигнувања
- Првак во Светскиот друмски куп (1994)
- Трка околу Баскија (1992, 1993, 1994)
- Џиро ди Ломбардија (1989, 1992)
- Тур де Романди (1991, 1995)
- Тирено-Адријатико (1989, 1990)
- Париз-Ница (1991, 1994)
- Гран при де насионс (1991 (изданието се сметало како Трофео Бараки), 1994)
- Субида а Уркиола (1993)
- ГП Еди Меркс (1994)
- Џиро дел’Емилија (1988)
- Сетмана Каталана де Сиклисме (1993)
- Часовен рекорд: 22 октомври 1994, 53,832 км
- Часовен рекорд: 5 ноември 1994, 55,291 км
Вуелта а Еспања
- Генерален пласман (златна маичка):
1992,
1993,
1994; 3. 1996
- Планински пласман: 1993, 1996
- Бодовен пласман: 1993
- 13 етапи: 1992 (2 етапи); 1993 (3 етапи); 1994 (6 етапи); 1996 (2 етапи)
Џиро д’Италија
- Генерален пласман:
1995
- Бодовен пласман:
1995
- Интерџиро пласман:
1995
- 5 етапи: 1988 (етапа); 1995 (4 етапи)
Тур де Франс
- Планински пласман:
1993; 2. 1993
- 3 етапи: 1993 (3 етапи)
Распоред на резултатите на Гранд Тур
СО = се откажал
Remove ads
Награди
- Златен велосипед 1994
- Швајцарски спортист на годината 1989, 1992, 1993, 1994[1]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads