Бодовен пласман на Вуелта а Еспања
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бодовен пласман на Вуелта а Еспања — еден од второстепените пласмани на велосипедската трка Вуелта а Еспања, каде возачите се рангираат според добиените бодови на етапите.
Remove ads
Историја
По првпат бил пресметуван во 1945 година, спонзориран од Пирели. Бил пресметуван на следниов начин:[1]
- Победникот на етапата добивал 100 бода, вториот 99, третиот 98, итн.. Ако велосипедистите пристигнале во група на која ѝ било доделено исто време, сите добивале ист број на бодови.
- Првите пет велосипедисти на етапата добивале 12 бодови за секоја минута по која ќе дошол бројот шест на етапата.
- За секој бод освоен во планинскиот пласман се добивале два бода за бодовниот пласман.
- На средните спринтови, бодовите се делеле: 8 за победникот, 6 за второпласираниот, 4 и 2 за следните двајца.
Иако спонзорот рекол дека пласманот е голем успех,[2] сепак не го спонзорирал наредното издание. Пласманот повторно бил пресметуван во 1955 година. Тогаш бил користен метод на додавање на местата на етапите, слично како што се правело тогаш на Тур де Франс.
Шон Кели и Лорен Жалабер, со четири победи секој, го делат рекордот на победи во пласманот.
Remove ads
Победници
Повеќекратни победници
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads